Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Наместо роденден - Меморијалeн турнир за Пенов

Среда, 28 Јули 2021

Во чест и спомен на прерано починатиот 18 годишен кошаркар на КК „Кожуф“ од Гевгелија, Иван Пенов, неговите другари и клубски колеги од утре го стартуваат најавениот Меморијал во Баскет (3х3) именуван „Иван Пенов“

Новиот спортски летен турнир во Гевгелија си има свое ново име и термин од 29 јули до 4 август кога ќе биде финалето и прогласувањето на победниците. Па наместо роденденска торта, желби за роденденот на Пенов, кој требаше да го слави на 4 август, спортските љубители од гевгелија ќе се празнуваат спортски со сеќавање за кошарката - неговата најголема пасија и љубов.
Турнирот си доби и своја нова спортска локација - игралиштето позади детската градинка „Цветови“ кое сега ги има обележјата за Пенов и турнирот.

Меморијалниот турнир има натпреварувачки карактер, односно за победниците во категориите: 2000-2005 год, 2006-2011 г. и екипи од 4 играчи се предвидени парични награди со вкупен износ од 700 евра. Скромно, но осветено за Пенов во наградниот фонд учествуваа гевгелиски донатори кои вака изразуваат почит за меморијалниот носител. Наградите се: 400 евра за освоено прво место, 200 евра за освоено второ место и 100 евра за освоено трето место. Ќе биде прогласен и победник во шут за 3 поени, а доделени и признанија за МВП на турнир и МВП на финале.

Меморијалот освен сеќавање и почит за младиот Пенов, трагично починат во сообраќјна несреќа во февруари годинава, ќе прерасне во традиционален на иницијатива на организаторите кои најавија дека овде не застануваат. Општина Гевгелија излегува во пресрет на спортските организатори со тоа што отстапеното игралиште кое претходно беше теренски-машински обележано и осветлено, го пренаменува за јавна употреба.

- „Младиот спортист со неговото дело и придонес за развивање на гевгелискиот спорт заслужува да има спомен-обележје во градот, поради што ќе биде покрената иницијатива пред Советот на Општина Гевгелија ова кошаркарско игралиште да го носи неговото име“ велат од локалната самоуправа.

Рефлекторите се палат утревечер. За Пенов ќе си спомнуваме, за кошарката ќе навиваме.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.