Топ Новости
Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска - Четврток, 02 Септември 2021 14:07

Пуштен во употреба „Јужен Вардар“ систем за наводнување

Сабота, 31 Јули 2021

Новиот систем за наводнување „Јужна Вардарска долина“ - Втора Фаза, вреден 24 милиони евра денеска е пуштен во употреба во присуство на претставници на Владата, ресорните министерства и претставници од инвеститорот СР Германија.

Капиталниот проект кој се простира долж Гевгелиско-Валандовската котлина отвара нови перспективи за земјоделците од овој регион. Истиот, обезбедува континуирано снабдување со вода во текот на цела година, на површина од 2.000 хектари и носи бенефит за повеќе од 1.300 домаќинства.
Преку овој проект се создаваат значајно подобри услови за обработување на расположливите земјоделски површини, се намалуваат трошоците и се зголемува конкурентноста на земјоделскиот производ од валандовскиот крај.
Проектот "Јужновардарска долина", беше финансиран со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка "KfW" и со средства на Министерството за земјоделство, шумарство, и водостопанство, како главен носител на проектот.

На денешната церемонија на свечено пуштање во употреба на капиталниот проект присуствуваа: Претседателот на Владата Зоран Заев, Заменикот на Претседателот на Владата Љупчо Николовски, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, Министерот за здравство, Венко Филипче, заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, како и претставници на "KfW" банката.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Септемвриско лето - натпросечно топло време

Долго топло лето во Гевгелија и на југот со продолжена капачка сезона во водите

Повеќе

Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во

Повеќе

ПОПИС 2021- досега попишани 502.000 граѓани

Заклучно до 20 часот вечерва се реализира осмиот пописен ден во државата и во

Повеќе

ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури

Повеќе

Богданчанец пронајден мртов во својот дом

Во петокот, на 10.09.2021 во 14:30 часот во Полициска станица Гевгелија било

Повеќе

Министерот Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство Венко Филипче штотуку соопшти дека од морални причини

Повеќе

93-годишна дојранчанка е тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Синоќа 9 септември во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на

Повеќе

Прогласена тридневна жалост во цела држава за настраданите во Тетово

На денешната вонредна владина седница прогласена е тридневна жалост на

Повеќе

Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Повеќе

Честит Ден на независноста - 8 Септември!

Пред три децении на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на Македонија на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.