Гевгелија со најголем опфат на вакцинирани граѓани - 46,2%

Вторник, 03 Август 2021

Заклучно со 1 август, 31% од населението во државата над 18 години е вакцинирано со прва доза вакцина.
Очекувајќи есенски залет на коронавирозите од Министерството за здравство апелираат за поголем интерес на граѓаните за вакцинација против ковид-19 во претстојниот период.

- „Апелирам на што поголема заинтересираност и во периодот што следува. Вакцинацијата е единствен начин да го победиме вирусот и да спречиме понатамошно ширење на истиот во есенските денови, односно во деновите во кои во светски рамки е прогнозиран иден нов бран на делта сојот“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.

Според статистиките на опфат на населението со вакцинација против ковид-19 што ги води Министерството за здравство преку евиденцијата во Здравните домови во државата каде се обавува масовната имунизација на населението, Гевгелија како општина е на прво место во државата по процентот на опфат на населението со прва доза вакцина. До денеска тоа е 46,2% од населението во Општината. Овој процент особено се покачи со евидентниот одзив на граѓаните од населените места при теренската посета на вакциналните тимови од Општа Болница Гевгелија, кој изнесуваше 100-на до 150 лица дневно вакцинирани со теренскиот тим за вакцинација.

По Гевгелија следуваат општините Кавадарци со 46,1% вакцинирани д вкупниот број на жители во општината, Охрид 45,4%, Битола 43% и Штип 41,1%.
- Помеѓу 30 и 40% со прва доза на вакцина е опфатено населението во Скопје, Демир Хисар, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово и Пробиштип.
- Помеѓу 20 и 30% од населението во Св.Николе, Кочани, Виница, Делчево, Куманово, К.Паланка, Кратово, Струга, М.Брод, Струмица и Радовиш.
- Најмалку вакцинирани има помеѓу жителите на Кичево 18,2%, Дебар 18,6%, Тетово 19,4% и Гостивар 18%.

Кај лицата над 50 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 50,6%, кај лицата над 60 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 61,2%, додека кај лицата над 70 години изнесува 64,9%, известуваат од Министерството за здравство.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.