Локализиран пожарот кај Фламинго и ГП Богородица

Вторник, 03 Август 2021

После четириипол часовна борба со огнот екипите на ТППЕ Гевгелија потпомогнати со сили на Шумско стопанство „Кожуф“ и ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија успееја да го локализираат пожарот кај казино „Фламинго“ и Граничниот премин Богородица.

Командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов вели дека е спречена заканата од опожарување на објетите. Се работи на терен непрекинато со цел да се изгасне огнот. На локалитетот во близина на пламените јазици непрекинато работат и багери на „Комуналец“ и приватн градежно претпријатие со цел да се направат земјени засеци, ровка влажна земја која ќе го спречи продорот на огнот во соседните подрачја од ГП Богородица.

На терен се и три возила на Брза Помош од Гевгелија. Се гледаат забрзани движења на луѓето околу објектите и фирмите кои се пред чадот кој се крева зад „Фламинго“

- „Опасност за објектите, казиното „Фламинго“, бензинската пумпа „Шимов“ која е во непосредна близина екипите на ТППЕ ја ликвидираа. Пожарот во нивна близина е локализиран“ изјави за GevgelijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов, кој нагласи дека во моментот се' уште се на терен и се работи на гаснење на подрачјето кое е оставено да гори до задушување на огнот.

Во гаснењето на пожарот помагаат и противпожарни епики од Неготино, Кавадарци и Демир Капија.
Во продолжение еден краток видео запис од теренот на опожареното подрачје зад „Фламинго“, но со надежен наслов дека пожарот е „изгаснат“. Од ТППЕ велат дека е локализиран и се работи на целосна ликвидација на истиот.

Фото насловна: Р. Јованов

Last modified on Вторник, 03 Август 2021 - 18:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.