Локализиран и изгаснат пожарот кај Богородица и „Лукоил“

Среда, 04 Август 2021

После двеиполчасовна интервенција на екипата на ТППЕ Гевгелија денеска попладне е локализиран, а подоцна и изгаснат целосно пожарот што претпладне во 11:52 часот беше пријавен за активен на подрачјето кај стариот пат кон Богородица во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ , хотел „Скај“ и зад хотел-казино „Принцес“.

Нема ниту 20 часа како се опожарува подрачје во близина на ГП Богородица, а гевгелиските пожарникари и без одмор останаа на ниво на својата задача и брзо и целосно успешно интервенираа во гаснењето на денешниот пожар.. Командирот на ТППЕ Игор Ризов изјавува дека во прашање е човечки фактор како причина за опожарувањето.

- „Навремената интервенција го спречи пожарот да се прошири кон населеното место Богородица, БП „Лукоил“ и хотел-казината „Скај“ и „Принцес“. Уште една успешна акција, со која надлежните органи во соработка со граѓаните не дозволија да дојде до катастрофа од поголем размер. Причината за настанување на пожарот е човечки фактор“, истакна командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов кој денеска и вчера рамо до рамо со пожарникарите учествуваше во акцијата на терен.

Освен 10 члена екипа на ТППЕ со две противпожарни возила, едно теренско возило, на помош пристапија и цистерна на „Комуналец“ со екипа за дотур на вода, потоа механизација на градежната компанија „МЛАЗ инженеринг транспорт“, граничната полиција, странската гранична полиција на помош во РСМ, екипа од Полициска станица Гевгелија, вработените од хотел-казината „Скај“ и „Принцес“, вработени од бензинската „Лукоил“ и жителите од населеното место Богородица.

Во пожарот изгоре вегетација од борова шума и сува трева распространета на површина од 1 (еден) хектар.

Од локалната самоуправа упатуваат благодарност до жителите од населеното место Богородица за нивниот придонес и соработката со надлежните органи, поздравувајќи ја нивната потврдена одговорност кога се работи за катастрофи во кои се засегнати човечките животи, уништувањето на природата, животната средина.



Last modified on Среда, 04 Август 2021 - 16:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.