По пеколните слики од вчерашниот пожар во близина на ГП „Богородица“ кога гореше боровата шума зад хотел-казино „Фламинго“, а беше во опасност од опожарување и бензинската пумпа „Шимов“ реакциите на граѓаните од панични, до молбени, но и голем дел критизерски настроени предизвикаа реакции на социјалните мрежи.
Ние го одвојуваме фејсбук постот на гевгеличанецот Ризо Јованов коj Ви го пренесуваме интегрално:
„Значи едноставно неможум да измолчум и крај.
Цел ден вчера и вадин ва слушум како сите сте експерти и како требало пожарите да се менаџираат, на хеликоптерите, авионите и нормално застарените возила за гасење од кои беше потребна секоја капка вода.
НО ОТИ НИКОЈ , АМА НИКОЈ не се обиде да напише нешто за тие луѓе кои се наоѓале таму во тие моменти на хоророт, како им било срцето, кај им летал мозокот ?????
Како сите вработени во сите институции помагале во гасење на пожарот не мислејки дали ќе се повредат или загушат туку човечноста била појака од нив, нив заборавивте секаде да ги спомнете .
Тоа не беше ПОЖАР, тоа беше здив испуштен од ѓаволот мислиш со една единствена мисија да исчисти се' пред себе.
Јас само би клекнал на колена пред луѓето, пожарникарите, вработените мои пријатели и сите кои храбро отидоа да помагаат и би им кажал едно големо БРАВО и дека Господ ќе ги награди за ова херојство.
Браво за тоа што некои со полна ПП опрема гасеа , но некои гасеа и како за на корзо, некои со кофи, сите гасеа и не размислуваа за последици.
Браво за пожарникарите на ПЕ Гевгелија , Армијата , вработените на хотел „ФЛАМИНГО“, „Шимов“, МВР, Макпетрол, хотел „ПРИНЦЕС“ , жителите на с.Богородица и сите други, ако несакајки сум ги заборавил.
Тие треба да ви бидат тема и пример, а не старите камиони кај шо имаше и нови, но тоа друга тема.
!!!! ПОЛИТИКА НА ВОА ПОСТ НЕ !!!!“ - напиша Јованов на својот Фејсбук профил.
Автор: Ризо Јованов
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети