За денипол три пожари во Гевгелија

Четврток, 05 Август 2021

Не изминаа седум часа денеска од успешната акција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија во гаснењето на пожарот на терените од боровата шума на стариот пат кон село Богородица, а во близина на бензинска пумпа „Лукоил“, хотел„Скај“ и „Принцес“, а вечерва имаа нов повик за интервенција во гаснење на новоизбиен пожар.
Ова е втор пожар во еден ден, трет во текот на 34 часа во Гевгелија. Кај сите е опожарена борова шума.

Последниот пожар е регистриран околу 22 часот вечерва (среда, 04.08.2021 г.) на потегот кај Негорски Бањи, на терените од боровата шума долж патот Негорци-Гевгелија.

Веднаш по дојавата за евидентиран активен пожар екипи на ТППЕ Гевгелија се упатија вечерта на теренот и по едночасовна акција истиот е изгаснат.

Да сумираме - во текот на изминати 34 часа гевгелиските пожарникари се 11 часови на терен во борба со пламените јазици и на сите три пожари излегоа победници, без повреди, без човечки загуби, освен опожарената борова шума и нискостеблеста сува вегетација на опожарените над 31 хектари површина низ Гевгелиско.

На социјалните мрежи гевгеличани споделуваат пораки на благодарност до единицата на ТППЕ Гевгелија. Но, зачестените три пожари за денипол, дури и во ноќните часови кога нема сонце и фактор за самозапалување на тревата од сончевите зраци поради одсјај од некое парче стакло, предизвикаа и коментари на осуда на потпалувачи: „Престанете да ја палите шумата и таа е наша“, „Доста велите избувнал пожар. Во исти ден 14-15 пожари, тоа го може само човечки фактор“,, „Многу болни луѓе има за да палат на ова време. Се' е саботажа“ ... се дел од коментарите на социјалните мрежи што ги споделуваат гевгеличани.

Изминатите два дена гевгеличани ја почувствуваа реалната опасност од пожарите и заканата да бидат проголтани од огнот и деловни објекти на потегот од опожарените подрачја, сконцентрирани долж коридорот на ГП „Богородица“, кои вработуваат повеќе од 600-700 наши сограѓани од кои зависи опстанокот на исто толку наши семејства. Затоа станаа свесни дека доста им се пожари, пожарникарски акции, акцијашки напори на населението во гаснењето на огнените жаришта на терен каде температурите се неподносливи, а загубата во природните добра се со години ненадоместливи.

Деновиве во Гевгелија на опожарените терени излегоа и екипи на МВР, Царина, Македонски шуми, Гранична полиција, странската гранична полиција, вработени од објектите кои беа под закана на опожарување, градежни фирми со својата механизација. Единствен објект кој се сретна со пламените јазици беше граничната караула кај Богородица и едно теренско возило на ПС Гевгелија. Еве дел од атмосферата од терен низ гевгелиските опожарени терени за изминатите дениполовина.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.