Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Еден оздравен во Гевгелија, останува 1 активен на ковид-19

Четврток, 05 Август 2021

Вкупно 219 нови случаи на ковид-19 во државата утврдени од направените 4.713 тестови, јавуваат денеска од Институтот за јавно здравје - Скопје.

Гевгелија од двајцата заболени во текот на јули денеска евидентира еден оздравен случај. Ова е заболениот детектиран на 17 јули, после гостување на групна крштевка во Скопје. Брзото опоравување и немањето епидемиолошки бум во Општината потврдува дека не се работи за лесно преносливиот и брзо заразниот Делта сој на коронавирусот, кој деновиве ја крена епидемиологијата во државата со регистрирани случаи во Тетово и Скопје.

Од 2.197 регистрирани случаи на ковид-19 во изминатите 17 месеци од епидемијата кај нас, денеска Гевгелија има еден оздравен од ковид-19, а вкупно оздравените во општината се 2.124, со евидентирани 72 загубени човечки животи како последица на компликации настанати од корона.

Останува еден активен случај на коронавирус во рамките на општина Гевгелија евидентиран од ИЈЗ и МЗ, а здравствената состојба на пациентот ја следи матичниот лекар.

Од соседството рапиден скок на бројот на заболените од ковид-19 покажува општина Валандово со регистрирани 7 нови случаи на ковид во текот на јули, од кои денеска има регистрирано 1 оздравен и остануваат 6 активни случаи.

Вкупната бројка на активни случаи во државата денес се покачи на 955 лица. Територијално најмогу ги има во Тетово (285) и во Скопје (275 случаи). Следуваат Куманово со 90 случаи на ковид-19, Гостивар 84.
Од 35 општини за кои ИЈЗ следи и изнесува податоци за состојбата на населението со ковид-19, вкупно 10 општини се без ниту еден заболен од ковид, а во соседството тоа се општините Богданци и Дојран.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.