Топ Новости
Утрово приведен е гевгеличанец - Сабота, 01 Октомври 2022 17:14
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Повторно заблеска 6-ката на Пенов под рефлекторите

Петок, 06 Август 2021

Шестипол месеци после трагиччната несреќа наместо помен гевгеличани со меморијален турнир во баскет го чествуваа сеќавањето и спомените за прерано загинатиот млад кошаркар, 18 годишниот Иван Пенов од Гевгелија.
За саканите нема помен, туку се чествуваат родендените, денот кога се изнедрил од мајчините бедра на овој свет и станал сакако дете, момче, успешен и надежен кошаркар, добар и почитуван другар, сакан сограѓанин.
Така и младите гевгеличани од 29 јули до 4 август играа баскет и се наградуваа за постигнатото на терен со симболични награди, точно на денот на роденденот на Иван, 4 август кога се одржа и финалето од турнирот.

На турнирот учество зедоа 20 екипи од генерациите 2000 до 2005 и генерациите 2006 до 2011.
Кај постарите-сениорски состави прво место избори екипата на „Пена 1“, која во финалето избори победа над екипата на Urban caffe (21:17), со што поразениот остана на утешното второ место.
На третото место се пласира екипата на „No limits“.
Во Финалето на натпреварувачи родени 2006 до 2011, екипата на „Alphas“ беше подобра од екипата на „Кожув“ со 15-13.
Победник во шут за 3 поени беше Никола Бојчев, за МВП на турнирот беше прогласен Јован Масловариќ, а за МВП на финалето Димитар Јанев.

Четирите натпреварувачки денови „6-ката“, бројот на дресот со кој настапуваше Пенов на натпреварите со неговиот клуб КК „Кожув“ на меморијалот Иван Пенов беше доминантна на сите дресови од натпреварувачите, а рефлекторите го отсјајуваа неговиот дрес исцртан во центарот на игралиштето зад Детската градинка „Цветови“ каде се одржа турнирот.
Во чест на спомените кои ги имаме за нашите деца кои во цветот на младоста не' напуштаат, а имаа уште многу што да постигнат во животот Советот на општината ќе поведе иницијатива ова игралиште трајно да го добие името „Иван Пенов“ и да биде отстапено јавно игралиште за овие намени - спортски живот на децата и младите од нашата средина.

Пенов ја сакаше кошарката. Децата, младите и љубителите на спортот играа кошарка во спомен на Пенов.
“6-ката уште живее на теренот.

 

Last modified on Сабота, 07 Август 2021 - 02:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец приведен за обљуба над малолетник

Вчера, недела 02.10.2022, во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од

Повеќе

Kомуналните покачувања повлечени од предлагачот

Корисниците на услугите на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија може да здивнат -

Повеќе

Утрово приведен е гевгеличанец

Во акциска контрола на МВР во координација со УЈП спроведена во угостителски

Повеќе

ТППЕ- Гевгелија доби ново возило од ДЗС

Современо возило опремено со водена пумпа од денеска е составен дел на возниот

Повеќе

Првачињата извисија од Општина Гевгелија - Советот одби да расправа за помош на

Со наслов: „Општина Гевгелија нема слух за првачињата“ денеска реагираше

Повеќе

Перо Митров, сопственик на „Јавор“ Мрзенци добитник на признание за туризам

Награда за животно дело за долгогодишен развој на угостителството и создавање

Повеќе

Обновено ракометното игралиште во Гевгелија со донација од Државна

Под слоганот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува

Повеќе

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.