Топ Новости

Денеска е достигнат апсолутен температурен рекорд во Европа

Среда, 11 Август 2021

После 44 години во Европа е измерен апсолутен температурен рекорд Денеста е измерена највисоката температура во историјата на мерењата за најстариот континент.
Во Италија измерени се 48,8 степени Целзиусови во југоисточна Сицилија. Податокот го измери и презентираше СИАС - агрометеоролошката информативна служба на Сицилија.

Рекордна температура е забележана во 14 часот во Флоридија, место во провинцијата Сиракуза на Сицилија.

Претходниот рекорд го држела Атина, каде во 1977 година биле измерени 48 степени.

Патем, на Сицилија на 20 септември 1999 година биле регистрирани 48,5 степени, но тоа никогаш формално не било признато како рекорд.

Особено на Сицилија, но и во централна и јужна Италија, и делумно на север, многу високите температури се под влијание на струите што доаѓаат од Сахара.
Утре во 10 италијански градови ќе биде прогласен црвен аларм за топлина, а во петок дури во15 градови ќе има црвен аларм.
Интензивниот топлотен бран продолжува да го гори Медитеранот и Северна Африка. Топлото и суво време одиграа голема улога во создавањето услови за експлозивни и разорни пожари во Турција и Грција.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.