Короната изгледа не го чека септември за да го стартува четвртиот, од здравствените стручњаци предвиден корона бран на ширење на епидемијата во државата.
Денеска ИЈЗ регистрираше нови 639 заразени со ковид-19 во државата. Некојлудневните троцифрени бројки на дневно заболени ја најавуваат корона експлозијата која уште се засилува.
Во понеделникот во државата корона активните лица ја преминаа 2.000-ката, со евидентирани 2.099 заразени и активни во државата. За четири дена, денеска бројот на активни достигна бројка од 3.746, што значи дека за изминатите 4 денови бројот на активни пораснал за нови близу 1.647 лица. Ова е веќе експлозивна емидемиологија на вирусот во државата.
Најголема раширеност вирусот пројавуба во подрачјето на Скопје со денеска регистрирани 218 лица, потоа Тетово со регистрирани нови 113 новозаразени од ковид-19, Гостивар ги следи со денеска 99 лица позитивни на корона.
Гевгелија мирува со двајца веќе познати активни на вирусот Sars-Cov-2. Нема нови случаи на корона заразени.
Од соседството нагорна линија на ширење на вирусот има во Струмица со денеска новодетектирани 37 случаи (вкупно 125 активни), како и во Валандово со новорегистрирани 4 случаи наковид-19, (15 активни во моментот).
Здравствените власти и понатаму апелираат за акцинација на населението против ковид-19 за да се избегнат тешки клинички слики од компликации кои ги остава вирусот во организмот на човекот, како и избегнување на смртен исход од средбата со короната во човековото тело.
Дека корона бранот продолжува да се шири укажува и фактот што пред една недела имаше 10 општини во државата кои немаа ниту еден случај на корона активен, а денеска состојбата се промени на 5 општини без корона помеѓу своите граѓани. Тоа се: Дојран, Богданци, Демир Хисар, Кратово и Крушево.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција