Д-р Крџев: Вакцинирани 9.605 граѓани во Општа Болница Гевгелија

Петок, 13 Август 2021

Расте интересот за вакцинација на граѓаните од Гевгелија и регионот.
- „Бројот на граѓани кои примиле една доза вакцина против ковид-19 се искачи на 9.605 граѓани. Со две примени дози вакцина против ковид-19 има вкупно 5.243 граѓани кои ги користеле услугите на вакциналниот пункт во Општа Болница Гевгелија“ изјави за GevgelijaNet директорот на гевгелиската Болница, д-р Митко Крџев.

Само во последните три дена од неделата интересот за вакцинација во Општа Болница Гевгелија се покачи за 20-30%. Дневниот прилив на лица за вакцинирање во двата вакцинални пункта во Гевгелија изнесува 180 до 200 граѓани. Ова значи дека тимот составен од доктор, медицински сестри и доброволци од Црвениот крст опслужувал по еден граѓанин на секои две минути, без пауза, што и индикатор за посветената и пожртвувана работа на тимот за вакцинирање при гевгелиската Болница.

Заедно со првично изведената вакцинација на граѓаните вработени во клучните структури во државата (здравствени работници, МВР, наставен кадар, негувателски и воспитувачки во детските градинки, транспортни превозници, возачи во јавен превоз, вработени на патарини, цариници), како и граѓаните кои ги користеа услугите на масовните вакцинални пунктови во регионот (Кавадарци, Струмица), бројот на вакцинирани граѓани од Гевгелија и регионот е над 14.000 лица. Ова ја сврстува Гевгелија на прво место по опфат на имунизација на населението во општински рамки.

Пред три дена во државата се премина бројот од еден милион вакцинирани граѓани и заклучно со денеска тој број изнесува 1.033.584 лица.

Инаку, мотив повеќе за растечкиот интерес на граѓаните за вакцинација е заштитата од зараза од коронавирус. Делта сојот почнува да се шири во државата и само за една недела починати се 25 лица, сите пациенти биле невакцинирани, известуваат од Министерствотот за здравство.
Друг мотив за зголемениот интерес за вакцинација е најновата мерка предложена од Комисијата за заштита од заразни болести при Министерството за здравство и Владата која ја донесе одлуката која почнува со примена од понеделник, 16 август. Со одлуката се воведува поседување на задолжителна потврда за извршена имунизација против ковид, најмалку примена прва доза вакцина за влез во затворени објекти, организирани настани во затворени објекти каде има најмалку 30 лица.

Министерството за здравство им наложи на Здравните домови во државата утре, сабота да бидат отворени пунктовите за вакцинација. Тоа значи дека и вакциналниот пункт при Општа Болница Гевгелија ќе работи и во сабота, во термин од 08:00 до 14:00 часот за заинтересираните граѓани за вакцинација. Не е потребно закажување.



Last modified on Вторник, 17 Август 2021 - 04:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските

Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и

Повеќе

Благодарница за ТППЕ-Гевгелија од СДСМ и коалицијата во Советот

За Денот на пожарникарите 20 Мај, денеска претставници на советничката група на

Повеќе

Пресудa за „ТНT“: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во

Повеќе

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на

Повеќе

Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој

Повеќе

IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.