Гевгелија со 1 новозаразен од корона - тројца активни на ковид-19

Сабота, 14 Август 2021

Македонија денеска со троен ковид рекорд:
- регистрирани 792 новозаразени од коронавирус за едно деноноќие,
- бројот на активните ја надмина 5-иљадарката и во моментот изнесува 5.043 активни случаи на ковид-19,
- направени анализи на 9.270 тестови за ковид во еден ден во расположивите референтни лабораторииво државата.

Ова се трите постигнати неславни рекорди (освен третиот по број на изведени тестови и анализи) во текот на веќе се' поприсутниот и најавувачки четврт ковид бран во државата.

Во Гевгелија детектиран е нов случај на корона позитивно лице и со тоа бројот на активни лица на Sars-Cov-2 во општински рамки изнесува 3 (три) лица.

Сите тројца се со лесна симптоматологија и се на домашно лекување под здравствен надзор на матичниот лекар.

Данокот на отвореноста и зголемената туристичка посетеност летово си го „донесе“ и првиот регистриран позитивен случај на ковид-19 во рмките на општина Дојран. Дојран до вчера опстојуваше како „зона без корона“ заедно со уште 5 општини во државата каде немаше евидентирано нов случај на ковид заразени лица.

Од општините под здравствена надлежност на Општа Болница Гевгелија се' уште одолева општина Богданци без регистрирн случај на корона. Од соседните општини Валандово има двоцифрен, а Струмица троцифрен број на активни случаи на Sars-Cov-2.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските

Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и

Повеќе

Благодарница за ТППЕ-Гевгелија од СДСМ и коалицијата во Советот

За Денот на пожарникарите 20 Мај, денеска претставници на советничката група на

Повеќе

Пресудa за „ТНT“: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во

Повеќе

Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград

Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на

Повеќе

Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија

Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој

Повеќе

IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“

Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.