Јас да си прашам

Четврток, 19 Август 2021

Професорот на медицински факултет и токсиколог на државната Клиника, д-р Нико Беќаровски зачуден од протестите на антиваксерите кои бараат „Стоп за присилна вакцинација“ во моментот кога во државата вакцинацијата е доброволна, бесплатна, се обраќа до правните експерти со прашање за протестната оправданост:

„Ги замолувам сите правници, адвокати, судии и останати правни експерти кои учествуваа на неделниот протестен собир, да ми одговорат на неколку прашања, кои упорно ме мачат овие два дена.
Колку што разбрав целта на протестот Ви била - „Стоп за ПРИСИЛНА ВАКЦИНАЦИЈА. ВАКЦИНАТА треба да е доброволна“

1. Дали во МК има закон за задолжителна вакцинација од Ковид-19???
2. Дали во МК има предлог или во подготовка таков закон???
3. Дали има 1 (ЕДЕН) граѓанин на МК кој бил принуден да се вакцинира????
4. Дали постои категорија ЈАВЕН ИНТЕРЕС и дали во вистински демократии како Скандинавија, Канада, Австралија личниот интерес може да е над јавниот.
5. Дали вакцинацијата во Македонија во моментов не е доброволна???
6. Дали за јавно изречена клевета, во нормални демократии не би следел судски процес, или во најмала рака јавно извинување, дадено преку сите медиуми???
Однапред благодарен на одговорите, бидејќи најголем дел од нас „убијците“ немаме суета и за работи кои не ги знаеме и не се од наш домен, се консултираме со ЕКСПЕРТИ.

П.С. ги замолувам и медиумите да ги прашаат правните експерти“ - напиша проф. д-р Беќаровски на својот фејсбук профил.

Еве и ние како медиум го споделуваме прашањето до правните експерти.


Фото: Принскрин од Фејсбук групите кои повикуваат на протест против присилна вакцинација

 

 

Last modified on Четврток, 19 Август 2021 - 15:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.