Амбулантски тим од Дојран спаси давеничка од водите на Дојранското езеро

Четврток, 19 Август 2021

Ова е екипата на медицинскиот тим од Амбулантата во Стар Дојран која пред една недела спаси жена давеник од водите на Дојранското езеро.

- „Сакам да го пофалам медицинскиот тим од Струмица, докторката и сестрата кои беа дежурни во Дојранската амбуланта и несебично и упорно се бореа и го спасија животот на младата девојка која беше удавена во водите на Дојранското Езеро и беше без знаци на живот. Нивната упорност и’ го вратија животот назад на девојката. Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите лекари“ – пишуваат на фејсбук граѓаните кои биле присутни.

Ова беше повод медиумите да се заитересираат кој доктор беше дежурен за време на интервенцијата на плажата во Дојран и пружи брза и професионална помош.

Се установи дека тоа е д-р Елена Китанова, 25 годишна докторка од Општа Болница во Струмица, во секторот Брза Помош, од каде сезонски е прераспределена на помош и работа во Амбулантата во Дојран, за време на туристичката сезона.

Оваа грижа за здравствена кадровска екипираност на нашето најужно летувалиште вроди со плод и за период од една недела спасени се два живота од водите на Дојранското езеро,, еден постар маж кој доживеал мозочен удар додека пливал во вода и е спасен благодарение на медицинскиот тим од Амбулантата во Дојран и последниот случај со спасена жена од водите на езерото која била без знаци на живот.

Еве што вели докторката Елена за последниот случај на спасена девојка-давеник.

- „Започнав со реанимација, бев под голем стрес и единствено мислев дека мора да ја спасам, да ја вратам во живот! Кога и дадов андреналин, таа започна со дишење, се врати во живот! Беше збунета, не зборуваше ништо. На раце, со сестрата и возачот на амбулантото возило ја ставивме на носилка, помогнаа и луѓето од плажата, стигнавме до возилото, и заминавме во болницата во Гевгелија“ – раскажува докторката Котанова.

Настанот се случи на 11-ти август, околу 17 часот, додека младата докторка била дежурна во амбулантата во Дојран. Заедно со неа била и дежурната медицинска сестра Иванка Аџипроданова и возачот на амбулантното возило Александар Ризов, кога во просториите на амбулантата, која се наоѓа во близина на градската плажа, влетал вознемирен човек кој барал помош. Тој им кажал дека од езерската вода извадил тело на млада жена, давеник, која не давала знаци на живот.

- "Веднаш се упативме кон местото, каде без знаци на живот, значи без срцева активност и пулс лежеше жена на возраст од 36 години, струмичанка. Околу неа имаше многу народ, сите беа вознемирени и потресени, и првото нешто кое го прашав беше дали некој и пружил било каква помош на жената, на што ми одговорија дека единствено човекот кој ја забележал во водата, успеал да ја извади на брегот“, вели д-р Елена.

По дадената прва помош, реанимација и дишењето на пациентката таа е транспортирана со амбулантното возило до Гевгелиската Болница. Жената била задржана во Болницата на испитување, а веќе наредниот ден била пуштена дома.

Докторката Елена појаснува дека најважно и е што еден човечки живот е спасен, и скромно вели дека таа само си ја работела својата работа.

- „Успеавме да ја спасиме, тоа е најважното нешто! Тоа се моменти кои не се опишуваат со зборови, се работи за секунди, стресот беше навистина голем, а зборовите дека пациентот мора да се спаси одекнуваат во мислите“.

Ова е нормален професионален мотив за работа на секој здравствен работник. Ние им честитаме за посветеноста и со написот само ја потврдуваме благодарноста на граѓаните што ги имаме на услуга за нашето здравје и што интервенираат секогаш и секаде каде што се најпотребни.

 

Last modified on Четврток, 19 Август 2021 - 18:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.