Инвестиција од 51 милиони денари за патна инфраструктура во Гевгелија

Петок, 20 Август 2021

Со потпишување на договорните аранжмани со одобрување нa најповолната тендерска понуда на фирмите „Жикол“ и „Еуроинг“ од Гевгелија се отвараат можностите за почеток на градежните работи за инфраструктурно подобрување на патната мрежа во Гевгелија.
Последните дoговори потпишани во јули годинава, пред распишувањето на локалните избори, ќе можат да се реализираат на терен со присуство на градежната оператива. Се работи за два носечки проекта:
- продолжение на Западниот булевар - улицата „Св. Климент Охридски“, кој е долгорочна планска одредница на локалната самоуправа веќе близу 20 години, а се реализира деновиве; и
- изградба на улицата „Александар Бел“ во станбената населба на Мрзенски Рид, кај Гевгелија.

Двата проекти задно имаат финансиска тежина од 37 милиони евра, вклучително продолжението на  Западниот булевар, за сервисната улица кај Милци и улицата „Александар Бел“. Продолжението на инфраструктурната ефикасност на Општината ќе следува со реализација на проект за изградбата на улицата „Методија Андонов Ченто“ која ќе чини 14 милиони денари. Овие средства се обезбедени во Општинскиот Буџет преку доделените 900.000 евра грант од Светска банка, кој се реализира преку програмата на Министерството за транспорт и врски.

Изградбата на улицата „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија е продолжување на булеварот „Гевгелија“ кон неговиот западен крак, кој се протега од колективната станбена зграда, позната како „Грчка“, на Караорман, па се до Динќут. Со изградба на оваа значајна сообраќајница ќе се создадат услови за дислокација на товарниот сообраќај од центарот на градот, кој досега се одвиваше преку улицата „Петар Мусев“ која проаѓа до ООУ „Крсте Мисирков“ и го отежнува прометот на возила, ученици, родители за време на училишната сезона. Во првата фаза од оваа улица, со должина од 1.230 м., ќе се изведува долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина и спојување со „Моински пат“ кај Динќут. Изведувач на работите е градежната фирма „Еуроинг“.

Изградбата на ул. „Александар Бел“ на Мрзенски Рид, што е главната сообраќајница во новата станбена населба, е со должина од 850 метри и два крака од по 110 метри. Во првата фаза се предвидува изведба на долен строј, одводнување и дел од горен строј на главната улицата и двата крака. Изведувач на овој проект е градежната фирма „Жикол“.

Покрај овие две улици, во капиталните проекти за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија влегуваат и изградбата на сервисната улица до преминот „Богородица“ и изградба на улицата „Методија Андонов Ченто“ од влезот на Мрзенци. Активностите на овие две улици ќе следат по завршувањето на градежните работи на првоспомнатите два проекти.
ГП „Жикол“ ќе започне со воведување во работите за изградба на ул. „ М. А. Ченто“ од влезот на Мрзенци, па се до центарот, кај ресторанот „Јавор“, а „Еуроинг“- новопланираната улица, односно, од почетокот на стариот пат од кај мотелот „Вардар“ до македонско-грчката граница. Улицата е со должина од 930 метри и во првата фаза се предвидува изведување на припремни работи, изведба на долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина. Со изградба на оваа улица ќе се овозможи делницата на стариот автопат од мотелот „Вардар“ и хотелот „Сенатор“ да се поврзе со веќе изградената сообраќајна инфраструктура кај „Милци“ и поврзување со автопатот Е75.

Одобрената тендерска постапка, потпишаните договори за изведба не се пречка работите да се изведуваат на терен и за време на предизборието, бидејќи се работи за буџетски планирани, финансиски покриени и склучени договори за реализација и изведба на веќе одобрени проекти од Советот на општината, во период пред донесувањето одлука за распишување на локални избори во државата.



Last modified on Сабота, 21 Август 2021 - 15:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.