Топ Новости

ЦЈЗ Гевгелија: 69 ковид-19 активни случаи

Понеделник, 23 Август 2021

Во последните 24 часа се направени 3.022 тестирањe, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19. Од тоа, во Гевгелија има детектирано само еден нов случај на корона позитивен. Со тоа бројката на активни случаи на КОВИД-19 во општината се искачи на 44 лица.

Најголемиот број од нив се под надзор на матичниот лекар и се со лесна симптоматологија па поминуваат со третман во Модуларнata Дневна ковид Болница каде примаат инфузна терапија, како и медикаментна терапија против ковид која ја применуваат дома.

- „Засега, во Модуларната КОВИД- болница во Гевгелија пациентите позитивни на Корона вирус, од Делта сојот, се лекуваат со дневна терапија“, изјавува Директорот на Општа Болница во Гевгелија, д-р Митко Крџев.

Како преносители на коронавирусот во новиот четврт бран стручњаците констатираат дека е виновна посетеноста на организираните масовни забави (свадби, крштевки, концерти, спортски настани).

Денис Јанкуловски, популарниот вработен во ИЈЗ-Скопје, познат по начинот на својата работа како „Космонаутно“ оценува дека масовното ширење на Делта сојот е повеќе присутно кај младата популација, после „Охрод колинг“, „Д-Фест“ и други. Најчесто на удар во четвртиот корона бран е младата популација која е со најнизок процентен опфат на вакцинација, како и малолетните лица, вели Космонаутко, кој за себе вели дека најмладиот случај на регистрирано позитивно лице на кој му направил корона тест е на новороденче старо само 10 дена и на бебенце од 1 месец.

Потврда на ова даваат и локалните здравствени работници кои велат дека зголемениот број на ковид случаи во Гевгелија пристигнал од членовите на Фолклорното друштво „Бојмија“ по враѓањето од меѓународно фестивалско гостување. Па, позитивата брзо пораснала, се раширила и кај членовите на семејствата на учесниците заразени на меѓународниот фолклорен фестивал. Значи носители се пред се лица од младата популација, но присуството на вирусот корона во телото незадоволително се манифестира кај повозрасните. Маж на 40-на години од Гевгелија веќе е на респираторна поддршка во Инфективната клиника во Штип.

Во регионот на ЦЈЗ Гевгелија во моментот корона состојбата е следна:

- Гевгелија 44 активни случаи (вкупно до сега инфицирани 2.241, оздравени 2.125, завршиле со смртен исход 72 лица);

- Богданци е со 24 активни случаи, (вкупно 516 заразени до сега, 482 оздравени, 12 починале како резултат на последици од корона); и

- Дојран 1 активен случај (од вкупно 134 инфицирани, 130 оздравеле, а 3-ца починале).

Денеска ИЈЗ бележи еден оздравен од корона од општина Дојран, заедно со регистрирани вкупно 367 пациенти од цела држава, на денеска направени анализи од 3.022 тестови.

Во државата остануваат 11.042 активни случаи на КОВИД-19, а во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија активни се 69 лица од Гевгелија, Богданци и Дојран.

 

Last modified on Понеделник, 23 Август 2021 - 20:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.