Срце за Емилија - првиот донор на срце во РСМ

Четврток, 26 Август 2021

Дојранчани, а и цела Македонија не ја забораваат Емилија Динева - првиот донор на срце во Македонија.
Нејзиното срце чука во друго тело, несебично подарувајќи живот, а благодарните граѓани за нејзиното дело кои ги поместија границите на хуманоста на овие простори и го промовираа органодарителството како врвен чин на алтруизам, денеска и' донираа скулптура СРЦЕ.

Се работи за урбана инсталација во форма на срце, едното легнато надолу, другото исправено нагоре споени во едно и чукаат во еден ритам - како одраз на трансформацијата на формата на живот на срцевите импулси на Емилија од нејзиното тело со констатирана мозочна смрт во тело на друг пациент со заболено слабо срце.

„Срце за вечноста“ е насловот на уметничката инсталација со кое се оддава неизмерна почит и благодарност до семејството на Емилија Динева за нивната одлука во еден тежок момент на загуба на сакан член од семејството, сопругата и мајка Емилија, за нивниот несебичен и херојски чин.

Андреј Миневски е креаторот на скулптурата кој одбра начин преку јазикот на уметноста да го направи видлив и незаборавен чинот на семејството Диневи од Дојран, кои покажаа дека со хуманост може да се овозможи после згаснат еден живот, да се започне нов живот кај друг загрозен пациент.

На овој начин авторот го овековечува херојството на Динева, односно нејзиното семејство, отворајќи и го патот до бесконечноста и незаборавот.

Денеска на презентирањето на „Срцето на вечноста“ зборуваа директотот на ЦАЦ - Никола Писарев, Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов, уметникот А.Миневски, а на чинот присуствуваа и од семејството Диневи.

Проектот е заедничка реализација на „Центарот за современи уметности“ – Скопје и Општина Дојран со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество – Македонија. Локацијата на ова несекојдневно споменично-уметничко сеќавање за дојранчанката со Големо СРЦЕ е Градскиот парк во Стар Дојран.

 

Last modified on Четврток, 26 Август 2021 - 16:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.