Делта сојот ја зголеми хоспиталната потреба на ковид-19 пациентите во Општа Болница Гевгелија. Денеска има девет лица на хоспитален третман во модуларната ковид болница во Гевгелија. Од нив сите 9-мина ковид-болни се на кислорона поддршка. Тоа значи дека сатурацијата е падната и активноста на белите дробови кај овие пациенти е намалена.
Ова е последниот болнички извештај за хоспитализирани пациенти со ковид дијагниза во Општа Болница Гевгелија што ни' ја даде директорот на оваа Јавна здравтсвена установа, д-р Митко Крџев.
Веќе една недела како е реактивирана дејноста на модуларната ковид болница изградена наменски за третман и болнички престој на ковид-пациенти од Гевгелија и регионот на надлежност на Општа Болница Гевгелија.
Инаку, во моментот во Гевгелија има регистрирано 82 пациенти со дојагноза ковид-19, Богданци 27 и Дојран 1 лице. Вкупно 110 ковид-19 лица се активни во трите општини кои се под здравствена надлежност на ОБ Гевгелија.
Денешниот извештај донесе 3 новозаразени во Гевгелија, но и 3-ца оздравени со што статусот на активни останува ист.
Богданци има 2-ца новозаразени кои се евидентирани во сумарниот извештај на активни случаи во оваа општина.
Во Дојран има еден оздравен и бројот на активни се намали само на 1 пациент од рамките на општината.
Двоцифрените бројки на новорегистрирани ковид позитивни лица на дневно ниво за Гевгелија денеска стагнираат. Загрижува само процентот на хоспитален опфат кој изнесува 8,2% од заразените и 100% на кислородна поддршка на лицата кои се на болнички третман во модуларната ковид болница.
Да се надеваме дека високиот вакцинален опфат на граѓаните и почитувањето на мерките за влез во кафиќи и организирани настани во затворени простории ќе се почитуваат доволно доследно од граѓаните со што бранот на новозаразени ќе се смалува како што е денешниот случај - „0“ пораст на позитивни во регионот.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место