Вакцинирани вкупно 11.145 граѓани во Општа Болница Гевгелија

Сабота, 28 Август 2021

Одзивот на граѓаните на вакциналниот пункт против ковид-19 отворен во Општа Болница Гевгелија и понатаму со исклучително висок интерес, што е доказ за високата јавна свест на нашите сограѓани како грижа за сопственото и јавното здравје.

Во текот на изминатата работна недела вакциналниот тим составен од доктор, д-р Тодорка Окова, медицински сестри и доброволци од Црвен крст Гевгелија услужиле вкупно 1.109 граѓани. Тоа значи дека во текот на еден работен ден, кој за прием за вакцинирање трае од 08:00 до 14:00 часот, во просек на секои три минути се изведува по една апликација на вакцина кај граѓаните.

Заклучно со денешниот ден во Општа Болница Гевгелија аплицирани се 11.145 вакцини, на исто толку граѓани. Од нив вкупно 6.943 имаат примено по две дози (вакцина и ревакцина) против ковид-19.

Споредено со минатата недела вакциналниот опфат на граѓаните од Гевгелија порасна за три процентни поени, од 63 на 66%, од граѓаните кои подлежат на вакцинација, а тоа е полнолетното население во општината.
Гевгелија полека, но сигурно, со неделна стапка од 3 процентни поени се приближува кон исполнувањето на колективниот праг на имунизација на своите граѓани.

За воља на вистината, заедно со граѓаните кои се имунизирлеи во регионалните вакцинални пунктови и оние од клучните дејности од здравството и административна инфраструктура на вработени, бројката на вакцинирани граѓани од општина Гевгелија надминува 16.500 лица. Тоа го зголемува и процентот на вакцинален опфат на близу 80%.


До сега во рамките на државата вакцинирани се вкупно 1.234.123 дози на вакци и против ковид-19, а ревакцинирани се 521.784 граѓани. Најголем процент на покриеност со вакцини е повозрасната ризична популација од 70-80 години. За оние работоспособните покриеноста е 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина., а 26% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.
Од Министерството за здравство потсетуваат дека „Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста“.



Last modified on Сабота, 28 Август 2021 - 22:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.