Почина 50 годишен ковид-пациент од Гевгелија

Понеделник, 30 Август 2021

Четвртиот бран на корона епидемијата во Гевгелија ја однесе најновата жртва- почина 50 годишен пациент со дијагноза ковид-19, јавува ИЈЗ-Скопје. Пациентот починал во болнички услови, како последица од настанатите компликации во организмот од присуството на вирусот во телото. Ова е 73-от по ред регистриран смртен случај во рамките на општина Гевгелија за време на корона епидемијата.
Делта сојот велат здравствените стручњаци на удар ги има помладите возрасни групи кои се со најнизок степен на вакцинален опфат, а ширењето на заразата меѓу членовите на домаќинствата и остварените контакти се шири многу брзо. За жал со катастрофални последици за денешниот регистриран 50 годишен покојник.

Четвртиот корона бран во Гевгелија денеска со темпо на заздравување: регистрирани се 5 оздравени пациенти од ковид-19, а ниту еден регистриран нов случај на заразен од ковид.

Моменталната состојба во регионот на ЦЈЗ Гевгелија на активни ковид случаи е следна:

- Гевгелија има 75 активни лица со ковид-19 дијагноза (вкупно 2.288 заразени од почетокот на епидемијата во рамките на Општината);
- Богданци има 28 активни (од вкупно 522 досега заразени во Општината);
- Дојран е со 1 (еден) активен случај (досега 135 заразени вкупно во општински рамки-).

Бранот на оздравување е забележан и во рамките на државата со регистрирани 545 оздравени лица за изминатото деноноќие наспроти регистрираните 299 новозаразени од корона.
Во моментот во државата опадна и бројот на заразените активни на ковид-19 и нивниот број изнесува 14.077 лица.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.