Исчезнатиот Илија Минов погребан денеска

Четврток, 02 Септември 2021

После пет месеци трагање и меѓународно полициски постапки и процедури денеска е упокоен Илија Минов, исчезнатиот инспектор од Гевгелија.

Пеесетидеветгодишниот Илија Минов, инспектор во УЈП, планинар, член на групата „Распеани гевгеличани“ семејството пријави дека исчезнал на 29 март во 12:30 часот кога е поднесена пријавата за исчезнато лице во ПС Гевгелија.

По двоиполмесечна истрага на полициските сили во Гевгелија, доброволци, членови на риболовното друштво од Гевгелија, активисти планинари и пријатели, како и меѓународната истражна соработка со Р.Грција, од Интерпол јавија дека во водите на Вардар во Грција е пронајдено тело на давеник за кој се сомневаа дека е на гевгеличанецот Минов.

Телото беша пронајдено во водите на Вардар во средината на мај годинава кај Поликастро, Р.Грција. Неговата сопруга била повикана за препознавање. Таа заминала за Солун каде по извршениот увид препознала делови од облеката и обувките кои му припаѓале на Минов.

Сепак, според меѓународните протоколи беше потребно преку македонското Министерство за правда да се направи споредбена ДНК анализа, која со сигурност може да потврди дека станува збор за телото на исчезнатиот Минов.

Денеска Гевгеличани во 14 часот се простија со Минов. Тој е погребан на Градските гробишта во Гевгелија после петмесечна семејна голгота, исчекување, надеж дека е жив и дека ќе му се врати на семејството и на Гевгелија.
Гевгеличани се простуваа со него и преку социјалните мрежи искажувајќи пораки на сочувство.

Last modified on Четврток, 02 Септември 2021 - 14:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.