Почувствувани земјотреси во Гевгелија и на југот од државата

Петок, 03 Септември 2021

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес (3.09.2021 г.) во 17 часот и 10 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.6, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слична сеизмичка активност беше почувствувана и вчера со потекло од истото сеизмичко подрачје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа вчера, четврток, во 19 часот, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓаше 120 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Кратки потреси на земјиното тло почувствуваа вечерва и синоќа жителите на Гевгелија и југот од државата.
Се работи за сеизмичка активност на територијата на Република Грција, а бидејќи трусните плочи лежат една врз друга по должина на целиот Балкан почувствувани се земјните движења и кај нас.

Последниот регистриран удар е идентификуван од сеизмолошккиот институти во Атина во 19:29 часот со магнитуда од 2,3 степени според Европската макросеизмичка скала, а епицентарот е 33 километри североисточно од местото Аридала во Грција, во северниот дел на Грција.

Претходниот потрес беше регистриран еден час порано во 18:32 часот, исто северозападно од местото Аридала, но со јачина од 2,1 степени од европската макросеизмичка скала.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.