МЗ: Нова комисија за одобрување надомест за туѓа нега во Гевгелија

Вторник, 07 Септември 2021

Министерството за здравство информира дека донел Одлука за формирање две нови комисии за одобрување користење туѓа нега за тешко болни лица, за прв пат за Гевгелија, Прилеп и oколните општини.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за прв пат формирани се две нови Комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост), за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот.

Покрај постоечките комисии, во државта, новоформираните ќе одговорат на потребите на пациентите од овие два града, како и околните општини. Комиисјата за издавање конзилијарно мислење и наод, освен во Прилеп, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Комисјата во Гевгелија освен оваа општина ќе ги опфати и општините Богданци, Валандово и Дојран.

Со формирањето на двете нови Комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат.

Гевгеличани до сега патуваа со закажан „мој термин“ на Комисиски увид во општина Струмица каде што работеше таков тип на комисија, која под надлежност ја имаше и општина Гевгелија и околните општини. Граѓаните чекаа повеќе од месец дена за закажување на термин, и разгледување на нивното барање за нега од страна на Комисијата во Струмица. Претходно, некои пациенти мораа да патуваат за конзилијарно мислење и до Комисијата во Штип. Сега ќе се скратат трошоците за патување, а комисијата во Гевгелија ќе дава мислење (одобрување) за користење на туѓа нега на лице (пациент) кое е во тешка здравствена состојба, неспособен сам да ги обавува своите животни потреби.

Изминатиов период Министерството за здравство ги зголеми термините за разгледување на медицинската документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.

Со новите Комисии и зголемување на термините ќе бидат задоволени потребите и навреме ќе бидат разгледани сите поднесени барања на граѓаните, известуваат од Министерството за здравство.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.