Пожар во тетовската ковид болница, има и жртви

Среда, 08 Септември 2021

Вечерва, околу 21 часот избувна пожар во модуларната ковид болница во Тетово.

Во моментов на терен се противпожарни екипи, но, како што јавува дописникот на МИА, во гаснењето на пожарот и во евакуирањето на пациентите помага и болничкиот персонал. Вклучени се и голем број граѓани.

Засега сè уште не е позната причината за пожарот, ниту има потврда за жртви.

Сашо Трајчевски, заменик-командир на тетовската противпожарна единица изјави од местото на интервенцијата за Алсат:

„Значи, во 21 часот и 2 минути е пријавено дека гори модуларната болница во медицинскиот центар во Тетово. Екипите, за 3-4 минути, нема повеќе, се пристигнати на лице место. Со околу 7 возила и над 30 пожарникари е учествувано од двете страни. Кога се екипите пристигнати беше целото во пламен. Значи тоа е внатрешно (почнато), не е надворешно значи. Се што е од наша страна е употребено. 21 и 30 е локализиран пожарот. Во 21 и 45 е ликвидиран компелтно

– Дали имаше жртви?

Да, да. Додека се гасеше пожарот, значи пламените јазици беа огромни бидејќи модуларна е болницата, има пластика. Се вадеа и жртви додека се гасеше.

Отприлика колку жртви имаше?

Не можеме да знаеме. Не можеме, се уште немаме евиденција колку се, што се.

Дали е се исчистено, бидејќи гледаме уште се вадат…

Не, не. Мислам дека има уште една жртва онде што седи. Најверојатно е и почината. Се чека екипа. Значи пожарот е ликвидиран моментално. Од наша страна е употребено се.

Од вашето искуство од што беше пожарот?

Се уште има служби што работат кои треба да утврдат, ние не можеме да даваме такви информации.

За 40 минути пожарникарите го ликвидирале најпрво па го изгаснале пожарот, сега се утврдуваат жртвите

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи даде изјава за несреќата, а додека таа зборуваше се случаа липања и плач од луѓе кои овде имаа свои болни на лекување и немоќни, на кислород станаа жртви на пожарот.

Страотната снимка од пожарот: Кон местото на несреќата веднаш се упати и министерот за здравство Венко Филипче. Се вадат повредените и настраданите од пожарот во модуларната болница во Тетово.
Last modified on Среда, 08 Септември 2021 - 23:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.