Бремена 18 годишна гевгеличанка починала од ковид-19

Четврток, 09 Септември 2021

Короната ја однесе и 74-та жртва од Гевгелија. Последниот случај е најмладата регистрирана ковид загуба  во Општината и во регионот на ЦЈЗ Гевгелија - бремена 18 годишна гевгеличанка која имала дијагноза ковид-19.
Таа била во седмиот месец од бременоста е меѓу најмладите жртви во државата која починала од комликациите предизвикани од вирусот ковид -19.

Жената која имала тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром „ellis van creveld’’ во гевгелсиакта болница дошла со силно изразени сиптоми на коронавирус. По 24 часовна хоспитализација и влошена здравствена состојба веднаш била префрлена на клиниките во Скопје

- „Сите од нејзиното семејство беа позитивни на ковид-19 но таа кај нас беше примена со тешка клиничка слика. Со оглед дека имаше комобирдитети односно тешко срцево заболување и редок генетски синдром а заради наглото паѓање на сатурацијата одлучивме да ја препратиме на клиниките во Скопје каде по неколку дена лекување починала“ - ни изјави директоот на гевгелиската болница Димитар Крџев.

Тој додава дека семејството се противело на хоспитализација, но со оглед на тоа што сатурацијата на 18-годишната девојка била намалена, таа била задржана 24 часа во Гевгелиската болница, но немало подобрување и била донесена одлука да биде итно пренесена на скопските клиники каде што по три дена починала.

За последните 24 часа во земјава од компликации предизвикани од ковид 19 починаа 31 лице а регистрирани се 256 нови позитивни и 545 оздравени пациенти, а во моментот активни на вирусот се 13.631 лице во државата.

 

 

Last modified on Четврток, 09 Септември 2021 - 22:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.