ОИК Гевгелија: Доставени се 5 кандидатури за градоначалник и 6 советнички листи за ЛИ 2021

Недела, 12 Септември 2021

До синоќа на полноќ кога законски истекува рокот за поднесување на кандидатури за градоначалник и советнички листи за претстојната изборна трка на Локалните избори 2021 во Општинската изборна комисија за Гевгелија доставени се 5 (пет) кандидатури за градоначалник и 6 (шест) советнички листи.

Подносители на градоначалничките кандидатури се партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП, Интегра и група избирачи.
Подносители на советничките листи се СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, Левица, ЛДП и ДОМ со коалицијата „Движење одлучно за промени“, Интегра - македонска конзервативна партија и група избирачи.

Кандидати за градоначалници се:
- Сашо Поцков - СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“,
- Андон Сарамандов - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“,
- Виктор Петков - ЛДП и ДОМ со коалицијата „Движење одлучно за промени“
- Глигор Петков - Група избирачи,
- Љупчо Кадиев - ИНТЕГРА македонска конзервативна партија.

Советничките листи се со следните носители:
- Миле Атанасов - СДСМ и коалицијата „Најдоброто за нашата општина“,
- Патрик Матх - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“,
- Петар Апостолов - ЛДП и ДОМ со коалицијата „Движење одлучно за промени“
- Сашко Јанчев - Левица,
- Томе Кичуков - Група избирачи,
- Ристо Апостолов - ИНТЕГРА македонска конзервативна партија.

Редоследот е според изјавата дадена од ОИК и ова не е конечната нумерација. Таа ќе се изврши на официјално жребување во ДИК.

Претседателот на ОИК Гевгелија, Митко Ризов за GevgelijaNet изјави дека досега е потврдена една кандидатура за градоначалник (за групата избирачи) и две советнички листи, тие на Левица и Група избирачи.

- „Законска обврска е ОИК по приемот на кандидатурите по низа параметри да ги провери кандидираните лица, но најважно е издавањето на Уверение за неосудуваност на кандидатите од Судовите во државата. Судовите по приемот на нашето барање за издавање на такво уверение за секое кандидирано лице е долно да одговори во рок од 24 часа. Досега имаме потврдено две советнички листи и еден кандидат за градоначалник, затоа што сме го добиле ова уверение за секој од лицата кои се предложени на листата - изјави Ризов, претсдетелот на ОИК.

Тоа значи дека до сега вкупно 39 уверенија за неосудуваност пристигнале од Судовите во државата до ОИК Гевгелија.

- „Процесот на проверка на кандидатите е усмерен кон сите Судови во државата, бидејќи се бара уверение за неосудуваност од Судот каде е местото на раѓање на предложениот кандидат. На пример, за листата на Интегра составена од 19 кандидати за советници се обративме до осум судови во државата да бараме одговор дали лицето е неосудувано. Постапката трае за останатите четири градоначалнички кандидати и уште 5 листи за советници“, одговори претседателот на ОИК Митко Ризов за текот на кандидационата риверка.

Значи, се бараат, очекуваат уверенија за уште 99 лица кои се на кандидационите листи од учесниците претенденти за ЛИ 2021. После добивањето на тие документи ОИК заседава и носи РЕШЕНИЕ дали листата и кандидатите за ЛИ 2021 од подносителите се прифатени.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.