Овации за Ноле на УС Опен, солзи од Ноле за изгубениот календарски грен слем

Понеделник, 13 Септември 2021

На минус два во сетови публиката навива за разбудениот Новак Ѓоковиќ на US Open со добиениот четврти гем едно по друго во третиот сет.
Заради поддршката од публиката која му аплаудираше на нозе тој се заблагодари на паузата со поздрав од срце и солзи во очите. И тој е човек од крв и месо.
Сепак, одличната игра на рускиот тенисер Медведев го однесе до победа со 3:0 во сетови (4:6,4:6,4:6). Русинот е единствениот тенисер кој го победил Ѓоковиќ на турнир во 2021 година. Ниеден друг.
Толку очекуваниот календарски Грен слем не отиде во рацете на Новак Ѓоковиќ. Тој се почувствува несигурно со загубата на првиот негов сервис, и Медведев продолжи да ги ниже гемовите и сетовите до победа од 0:3.

На церемонијата на доделувањето на наградите Мeдведев за Новак го изјави следново: „Ти си за мене најдобар играч на тенис на сите времиња“.
Исто така се заблагодари на публиката на која и' забележа дека навиваше повеќе за Новак.

Тешко беше да се биде Новак денеска кога требаше да се обрати на публиката. Додека тој ги прибираше емоциите публиката во Њујорк со овации, аплаузи и на нозе го поздравија со пораката „најдобар на сите времиња“. Ноле повторно ги наполни очите со солзи. Ноле се заблагодари на публиката на УС Опен во Њујорк која го допрела за срцето со поддршката, им кажа дека ги сака и дека ќе се видат повторно наскоро. Меѓу публиката имаше и филмски ѕвезди кои навиваа за српскиот тенисер и светски рекет број 1. Заедно на трибините беа Бред Пит и Бредли Купер. Трката по трофеи продолжува во 2022.
Last modified on Понеделник, 13 Септември 2021 - 01:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.