Изгаснат пожарот кај населбата Карач, Ст.Дојран

Вторник, 14 Септември 2021

Пожар над туристичката населба Карач во Стар Дојран беше забележан вчера во попладневните часови, нешто пред 16 часот. Истиот беше закана за викендиците и објектите од областа на трговијата кои се наоѓаат во населбата Карач. Присуството на јужниот ветер претставуваше можност пламениот поход да тргне во правец кон Нов Дојран.

Екипи на Доброволното против пожарно друштво од Дојран заедно со локалното население излегоа на терен и успееја да ја локализираат огнената закана, а пожарот да го стават под контрола.

За причините на опожарувањето се огласи градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов кој навести дека „во поладневните часови во Стар Дојран беше повторно подметнат пожар. Пожарот е локализиран и е ставен под контрола“.

Општина Дојран за само десетина дена се соочува со четири подметнати пожари. На 2 септември во атарот на дојранско некаде околу 22 часот беа подметнати три пожари, во близина на с.Фурка. Местото на кои се појавија пожарите и доцните часови не навестуваа дека се работи за некоја работна несреќна активност туку за човечки фактор како причина за опожарувањето. За среќа сите четири беа навреме детектирами, а екипи на ТППЕ Гевгелија, Валандово и Доброволното противпожарно друштво од Дојран успееја да се справат со пожарот на терен и да го изгаснат.

За наводите „подметнат пожар“ извести повторно градоначалникот Ангов за што денеска го упати следниот апел:
НЕСОВЕСНОТО ОДНЕСУВАЊЕ ЈА УНИШТУВА ПРИРОДАТА И ГО ЗАГРОЗУВААТ ЖИВОТОТ НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ!!!! БРАВО за брзата интервенција на сите екипи!!!“ напиша тој на својот фејсбук профил.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.