Нов детски парк во Моин

Сабота, 18 Септември 2021

Нова радост за децата и учениците во с.Моин, гевгелиско.
Опремен е нов детски парк со реквизити за игра и забава на децата. Две клацкалки, две лулашки и коњче клацкалка се новите радости на децата од ова населено место.

Погодете кој најмногу се радоваше на новитетот во дворот на училиштето во Моин. Се знае - децата кои поитаа да ги излулат лулашките, да го појават коњчето. Се' во дворот на подрачното училиште кое работи во склоп на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија.

- „Реквизитите за деца се набавени со средства од Општинскиот буџет на изминатата спроведена тендерска постапка во јуни, во рамките на акцијата за уредување и проширување на детските катчиња со урбана опрема. Во меѓувреме, овој простор од страна на ЈПКД „Комуналец“ ќе биде уреден и со клупи за седење и канти за отпадоци, а ќе биде поставена и нова фонтана со вода за пиење, со цел да биде место за одмор и дружење и на возрасната категорија жители“ - изјавуваат од општина Гевгелија.

Со реновирањето на училиштето минатата година, со оградувањето на училишниот простор оваа година, со поставувањето на детски реквизити за игра и забава се заокружува еден сегмент од грижата за пријатен престој на децата во училиштето и училишниот двор за да го чувствуваат за свое место и место каде припаѓаат додека не пораснат и напреднат во други форми на образование и интереси во нивниот живот.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.