„Деспасито“ со 7,5 милјарди прегледи рекордер на YouTube

Сабота, 02 Октомври 2021

Најгледаното видео на сите времиња, „Despacito“, продолжува да бележи нови првенци во прегледите на YouTube.
Песната „Despacito“ наскоро ќе има повеќе прегледи на YouTube отколку жители во светот. Имено, песната за четири години од своето лансирање на YouTube платформата собра повеќе од седум милијарди и петстотини милиони прегледи, а вкупниот број на жители во светот се проценува на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.

Пејачите Луис Фонси и Деди Јанке ја објавија песната „Despacito“ во 2017 година, па таа стана планетарен хит таа година. Сепак, атрактивноста на песната и нејзината популарност продолжи и годините потоа.
Песната отпеана на шпански јазик за само шест недели по лансирањето на платформата YouTube достигна рекордни шест милијарди прегледи. Во својот врв на слушаност и гледаност, „Despacito“ доби 25,7 милиони прегледи за еден ден. Со текот на времето тој рекорд се подобри и достигна во просек 2,8 милиони дневни прегледи.

„Деспасито“ на шпански значи „полека“, но се чини дека Фонси и Јанке брзо заработија многу благодарение на најголемиот хит во кариерата.
Луис Фонси, кој својата кариера ја изгради на романтични балади, имаше пауза во кариерата две години пред објавувањето на синглот. Одличното враќање со „Despacito“ му донесе популарност што не можеше ниту да ја замисли. Конечно, тој е пејачот кого секој жител на планетата го слушнал и видел барем еднаш на YouTube. Е тоа е светска слава.



Last modified on Сабота, 02 Октомври 2021 - 23:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.