Гевгелиските атлетичари од „7ми Ноември“ освоија две медали во штафетен маратон

Недела, 03 Октомври 2021

Злато за мажите, сребро за жените. Ова е пласманот на гевгелиските атлетичари од АК „7-ми Ноември“ на годинашниот 17-ти традиционален Скопски маратон 2021.

Нашиот комбиниран штафетен состав претставуван од Тоше Анчев и Атанас Епов заедно со членовите на ЗАСП „Единак“ од Прилеп Дарио Ѓорѓиоски и Златко Карчески освои прво место на штафетниот маратон во Скопје во категорија мажи!

Женската екипа на АК „7ми Ноември“ Гевгелија, во штафетен маратон го освои второто место во Скопје! Оваа година не' претставуваа Александра Крајчева, Магдалена Јованова, Цеца Србова и Александра Атанасоска Петкова!

Инаку организаторот на Скопскиот Маратон, „Виз Ер“ денешниот ден, 3 октомври 2021, смета дека ќе биде запишан во историјата на македонската атлетика. На Виз Ер Скоспкиот маратон за првпат имаме победници во маратонската трка во двете конкуренции со соборени македонски рекорди.

Дарио Ивановски е новиот македонски рекордер во маратон со резултат 2:21:27 часа!

Адријана Поп Арсова е ново-стартата македонска рекордерка во маратон со резултат 2:40:46 часа!

Секоја чест за Дарио и Адријана!

Секоја чест за извонредното претставување на гевгелиските атлетичари на традиционалниот скопски маратон и освоените прво и второ место во машка и женска конкуренција - штафетен маратон.

Честитки и за сите учесници што денес ја завршија трката.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.