Тимот попишувачи за општина Дојран рекордно први во ПР-11

Недела, 03 Октомври 2021

Организираниот попис на населението, домаќинствата и становите во РСМ кој се одржа годинава од 5 до 30 септември 2021, е девети по ред од ослободувањето од Втората светска Војна до денес во нашата земја и донесе резултати на попишани 1.832.969 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови.
Се попишуваше во 50 пописни реони во државата. Еден од нив, 11-ти по ред беше Пописниот реон за општините Гевгелија и Дојран.
Екипата за спроведување на пописот беше составена од 70 попишувачи, 9 реонски инструктори, 2ца државни инструктори и петчлен состав на Комисијата на Пописен реон-11.

Од предвидените 25 дена за спроведување на пописот за 23 дена целосно беа попишани сите лица жители на општина Дојран, затекнати лица на престој во своите викенд куќи, станови и домаќинства. Два дена пред истекот на законскиот рок 7-члениот состав на тимот попишувачи за општина Дојран успеаја да ги попишат сите 27 пописни кругови во опш.Дојран (територијални единици на попис во кои се распоредени 100 до 150 домаќинства). Со тоа станаа тим првак за ПОПИС 2021 за ПР-11.

Успешниот тим првак за ПР-11 работеше со 50% помал состав на попишувачи и со еден реонски инструктор наместо предвидените двајца за реонот на општина Дојран. Иако индиспониран со бројот на потребни, а помалку расположиви попишувачи, тимот за ПОПИС 2021 за општина Дојран го „изора“ теренот надолж и нашироко и ги попиша сите жители на Дојран во сите 12 населени места во состав на општината, дури и пред истекот на пописниот рок.

Зад ваквиот извонреден резултат стои и извонредна екипа во состав:

1. ЕМИЛИЈА ЈАНКУЛОВА од Нов Дојран која за само 4 дена го заврши пописот во прво доделениот ПК, прва од сите 70 попишувачи за ПР-11. Подоцна попиша уште 4 ПК и со тоа успеа да ги внесе во електронскиот систем на податоци на ДЗС 1/2 од жителите на Нов Дојран и 1/3 од жителите, куќите и становите во Ст. Дојран;

2. МУХАМЕД АМЕДОВ - дипломиран професор по турски јазик и книжевност, жител на с.Ѓопчели успеа да попише 7 села од опш. Дојран населени со жители од турска етничка припадност и да попише најмногу ПК од сите 70 попишувачи во ПР-11, со што со право доби епитет Рекордер попишувач;

3. ГЛИГОР МАТАНИЧКОВ - жител на Нов Дојран, инаку најмладиот од пописниот тим со успех одговори на предизвикот ПОПИС 2021 и успеа да попише 1/2 од населението, домаќинствата, становите во Нов Дојран;

4. ДАНЧЕ СТОЈАНОВА - дипломиран туризмолог, жител на Фурка, успеа да ги внесе пописните податоци за граѓаните од с.Фурка, 1/2 од с. Николиќ и 1/9 од Стар Дојран;

5. АЛЕКСАНДАР РИЗОВ - жител на с. Фурка, успеа да попише три пописни круга и да ги внесе во пописната електронска база сите жители на с. Црничани, 1/2 од жителите на с. Николиќ и 1/9 од жителите, домаќинствата и становите во Стар Дојран. За целиот тек на пописот Александар се стекна со епитетот „момчето-попишувач на кој ниту еден граѓанин, ниту едно домаќинство не му одби попис“;

6. СУЗАНА ИВАНОВА - жител на с. Фурка, невработена, мајка на малолетна ќерка, успеа да попише 1/2 од населението во с.Фурка и 2/9 од лицата, домаќинствата и становите во Ст. Дојран;

7. ТРАЈЧЕ ГОРГИЕВ - 20 годишен жител на Стар Дојран кој го попиша првиот ПК во Стар Дојран и туристичката населба Карач.

Едукатори, организатори, мотиватори за работа беа инструкторите. На прва линија Реонскиот инструктор Јованка Дојранлиева, на која ова и е трет попис во државата на кој учествува како инструктор, најпрво во 1991, потоа во 2002 и годинава 2021 го заокружи своето пописно инструкторско тридецениско трио.

Последен филтер на сработеното е контролата на податоците од Државниот инструктор Маја Спасовска која од Државниот Завод за статистика беше распоредена и одговорна за пописот во општина Дојран.

Пописниот тим во Дојран работеше, компактно, тимски, организирано, јуришно, со потполна доверба од граѓаните, со срдечен прием од сите и испорача пописни резултати за бројно станбено и урбанистички изградениот Дојран, за овие изминати две децении од последниот попис.

Тимот попишувачи рекордери со реонскиот и државниот инструктор се вратија на својот секојдневен живот со едно ново работно сознание, еден нов успех за нашата земја, да се спроведе најголемата статистичка опрација во држават со која граѓаните ќе се сретнат дури после 10 години, повторно.
До тогаш, поздрав од најдобриот пописен тим во ПР-11, тимот на општина Дојран.

 

Last modified on Недела, 03 Октомври 2021 - 22:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.