Топ Новости

14 години од последното ѕвездено небо на Тоше

Вторник, 05 Октомври 2021

Пред точно 14 години, на 5 октомври 2007, нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 40.000 посетители, го одржа својот последен концерт. По само 11 дена тој трагично го загуби својот живот кај Нова Градишка во Република Хрватска.

Концертот беше хуманитарен и се одржа со поддршка на УСАИД. Парите од билетите, кои чинеа 200 денари, се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. Со нив беа реновирани околу 100 училишта во Македонија.

Ѕвезденото небо за Тоше, додека ги пееше најголемите хитови, го направија 40,000 посетители на тогашниот „Градски стадион“, денес преименуван во Арена „Тоше проески“ и запаметено остана неговото барање „Сликајте ме со ѕвезденото небо”.

- „Никогаш нека не се изгасне ѕвезденото небо! Ова не се опишува“, рече тогаш Тоше.

Концертот се случи само 11 дена пред кобната за Тоше сообраќајна несреќа, на 16 октомври на автопатот кај Нова Градишка (Хрватска). Во чест на македонскиот легендарен пејач Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ – Крушево, кон крајот на септември 2009 година, одлучил хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“ традиционално да се одржува на денот на неговиот роденден, 25 јануари.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.