Д-р Стеваноски: Со вакцинација нема корона во Психијатриска Болница Негорци

Среда, 06 Октомври 2021

Психијатриската Болница Негорци е специјализирана здравствена установа која во налетот на четвртиот корона бран во државата, па и во Гевгелија, остана заштитена без ниту еден инфициран во болницата, било од вработените, било од пациентите.
Резултатот на ваквиот корона епилог е превентивната заштита што ја превзеде управата на Болницата, како во однос на примената на анти-ковид мерките, така и со примена на вакцинацијата против ковид-19.

- „Покрај имунизацијата против ковид-19 која се спроведуваше организиарано за сите здравствени установи во државата, по распоред направен од Министерството за здравство, ние како Јавна задравствена установа „Психијатриска Болница Негорци“ се погриживме да ги имунизираме и нашите пациенти со вакцина против ковид-19. На 20 август сите 210 пациенти згрижени во болницата ја примија втората доза од вакцината. Оваа постапка сметаме дека беше од најголемо значење, па во налетот на делта сојот во државата, во текот на летните месеци, кај нашите пациенти и вработените нема појава на корона вирус“ - изјави д-р. спец психијатар Боне Стеваноски, директор на ЈЗУ „Психијатриска Болница Негорци“ Гевгелија.

- „Заштитата на вработените со организирана вакцинација против ковид беше во тек кога во третиот корона бран се појавија позитивни пациенти на ковид-19, а потоа беа дијагностицирани симптоми и кај дел од вработените. Се' вкупната бројка изнесуваше 57 корона позитивни меѓу пациентите кои беа на болнички третман во оваа јавна здравствена установа, но и 36 корона инфицирани од медицинскиот персонал. Битката со вирусот беше изборена со внатрешните сили на вработените, доктори и медицински персонал во Болницата. Благодарение на правилнио превземените чекори, определена терапија, изолација на корона болните во посебно одделение, болницата се избори со вирусот без смртни последици“ - потенцираше директорот на Установата Стеваноски.

Справувањето со кроната во рамките на ЈЗУ „Психијатриска Болница Негорци“ Гевгелија беше дополнителен напор за тимот доктори и медицински персонал, пред се' поради постоечката дијагноза на пациентите со своите основни здравствени тегоби поради кои добиле хоспитален третман и нивната несвесност за потребата од дистанца, изолација. Токму заради тој факт на постоење на психичка болест заштита со превентивните мерки беше понесигурна за разлика од вакцинирањето против ковид-19 кое беше корисно и ефективно во последниот корона налет во државата, па и во нашата општина, велат од Болницата.

За воља на вистината во Гевгелија од почетокот на четвртиот корона бран од јули до денеска регистрирани се вкупно 245 новозаразени случаи на ковид-19 од кои 154 оздравеле, 3 случаи завршија со смртен исход, а моентално остануваат 88 активни лица на ковид-19.
Психијатриската Болница Негорци нема ниту вработени, ниту хоспитализирани пациенти на листата на заболени од ковиид во Општината.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.