„Недела на млади“ со активистите на Црвен Крст Гевгелија

Четврток, 07 Октомври 2021

Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Гевгелија
традиционално ја одбележува „Неделата на млади“ во периодот од 1 до 7
октомври. Годинава волонтерите на гевгелискиот ЦК со нови содржини ја збогатија „Неделата на млади“, одбележувајќи ја со неколку интересни активности, пред се неодминливите хуманитарни и едукативни акции на младите волонтери на Црвениот Крст од Гевгелија, но и новини во своето претставување пред нашата заедница, како гостување на радио, статија на локален веб портал, цртање на графити и други активности.

Нашиот интерес е да ви ги претстаиме размислувањата и мотивите на младите волонтери од „Клубот на млсди“ на Црвениот Крст од Гевгелија.

GevgelijaNET: Што претставува волонтерство во Црвен Крст?
- „Според мене волонтерството во Црвен Крст претставува искористување на
слободното време во добротворни цели, ни' помага да се изградиме во
личности кои се постојано спремни да пружат помош таму каде што е таа е потребна“, истакна Надица, волонтер од Клубот на млади при ООЦК Гевгелија.

GevgelijaNET: Какви активности реализира Клубот на млади при ОО на ЦК Гевгелија?
- „Во нашиот клуб имаме најразлични активности, од помагање на стари и
изнемоштени лица, активности во дневните центри за лица со посебни потреби во Гевгелија, хуманитарни и здравствени акции, но и организирање на маратони, филмски вечери и безброј други активности, некои од нив и во сферите на неформалните дружења, како дел од остварувањето на социјална кохезија на младите сили на ЦК и младите од нашата заедница“ одговараат гевгелиските волонтери.

GevgelijaNET: Како изгледа денот на еден волонтер?
- „Денот на еден волонтер е прилично забавен бидејки е исполнет со
активности. Понекогаш знае и да те исполни со замор, но, на крајот од денот помислата дека си помогнал некому те исполнува и го засенува целиот замор“, оценува Ивона, исто така волонтер од Клубот на млади.

GevgelijaNET: Поводот за нашиот разговор е заокружување на „Неделата на млади“. Што тоа претставува?
- „Неделата на млади претставува традиционална календарска активност која
ни' дава можност да го промовираме младинскиот активизам, да изразиме
благодарност за досега сработените акции и се разбира да го прошириме
нашето мало, а големо хумано семејство со нашето мото „НАШАТА
ПРИКАЗНА ПРОДОЛЖУВА СО ТЕБЕ“ - дополнуваат младите од ЦК Гевгелија.

GevgelijaNET: За оние што ќе ги заинтригира нашиот разговор и побуди интерес за волонтерство, одговорете ни' Како може некој да стане волонтер во Црвен Крст Гевгелија?
- „За да се стане волонтер во Црвен Крст Гевгелија доволно е да се има желба и секако можност да се одвои од сопственото време за да се помогне некому“.

Желба и време, а ние би додале и отворено срце кон луѓето, и на оние на кои им треба помош, и на оние на кои им треба едукација како да си ги олеснат тегобите во животот, и на оние кои сакат да помогнат во сето тоа. Ете толку е потребно за да бидете горд и секаде со насмевка дочекан доброволец на Црвен Крст Гевгелија.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.