Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Гевгеличанката Ана Брзанова учествува на Miss Earth 2021 на Филипините

Сабота, 09 Октомври 2021

Претставничката на Miss Earth 2021 од Северна Македонија, гевгеличанката Ана Брзанова, заедно со претставничките од Боливија и Непал вечерва беа во центарот на вниманието со програма во живо со водителскиот пар Jeanne Harn и Noy Sabilano!

Меѓународната манифестација за убавина Miss Earth 2021 годинава се одржува во Филипините каде учествуваат 140 претставнички од исто толку земји од светот. Меѓународниот настан „Miss Earth“ ќе трае 30 дена, а целиот спектакл ќе го пренесува „Fox TV“, па нашата македонскa-гевгелиска убавица ќе биде планетарно присутна на екраните.

Ана Брзанова вечерва се претстави дека доаѓа од Македонија, дека има 21 години и дека е студент по финасиски-менаџмент. Пред да стане модел учествувала на натпревари за убавина. Нејзини пасии се кошарката, а скриен интерес е готвењето и гледањето на „Chef Cooking“. Претставувајќи свои фотографии од младоста изјави дека секогаш била насмеана на истите бидејќи секогаш е среќна. Сака прошетки во природа, има поддршка од семејството во изброт да биде модел.

На прашањето што би направиле ако имаат три дена од животот Ана одговори:
Toa e животен предизвик. Мисли за себе дека е борец, ја преживеала битката со канцер и смета дека би преживеала се' и дека би уживала во животот. Но, ако сепак треба да одбере што би правела во последните три дена од животот тоа би биле работи што ги сака, џампинг, би се возела сама во автомобил, не би кажала никому за тоа, освен на своето семејство со кое сака да ги помине своите три последни денови од животот. Би им кажала дека ги сака и дека сака да биде органодарител, па и покрај се' да може да помогне на некој друг.

- „Уау“ беше реакцијата на водителката Jeanne Harn на одговорот од нашата Ана и додаде „Среќни сме што те имаме овде“.

Што друго мораа да одговорат Miss Earth 2021 и нашата претставничка од Македонија, гевгеличанката Ана Брзанова, погледнете од видеото:

Виртуелното финале на Miss Earth 2021 ќе се одржи од 8 до 11 ноември. И посакуваме среќа на нашата Ана која тежнее кон меѓународен успех кој треба да и' ги отвори широко вратите на светските модни писти кон кои таа се стреми. Досега покрај тилулата Miss Earth 2021 за Северна Мaкедонија Брзанова ги има освоено и титулите „Топ модел Македонија“ уште во 2019 година, „Мис Глоуб Србија“ следната 2020 година, како и „Мис на Евроазија“ во Србија 2021 година. СРЕЌНО АНА!
Last modified on Сабота, 09 Октомври 2021 - 02:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Признание за животно дело за газда Перо од „Фук Так“ Дојран

По повод 27 септември - Меѓународниот ден на туризмот Министерството за

Повеќе

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.