Драстичен пад на корона активните во државата

Сабота, 09 Октомври 2021

Со 3.645 оздравени случаи на пациенти со дијагноза ковид-19 евидентирани во текот на месец август во болниците низ државата, но денеска пријавени со последниот извештај на ИЈЗ, бројката на активни лица со ковид-19 во државата опадна за 34,4%.

Ова е драстичен пад на корона активните и од вчерашните 10.625 лица денеска нивната бројка од петтоцифрена стана четвороцифрена и изнесува 6.867 лица.

На ваквиот резултат придонесоа и уште 339 оздравените со денешниот ковид извештај на ИЈЗ, наспорит 344 пријавените нови случаи на корона инфицирани, утврдени со анализа на 4.926 тестови за изминатите 24 часа.

Моменталната корона состојба на југот, во надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија и здравствена надлежност на Општа Болница Гевгелија е следнава:
- Гевгелија во моментот има 73 активни случаи (денеска се детектирани 3 нови корона позитивни и 21 оздравени од кои 16 случаи се од месец август, а сега пријавени во денешниот извештај на ИЈЗ);
- Богданци има 19 активни на ковид-19 (денеска се детектирани 2 нови случаи на корона позитивни и 7 оздравени, од кои 6 се оздравени во месец август, а денеска пријавени од болницата), и
- Дојран има 1 активен на ковид-19 (нема нови случаи).

Ова значи дека наместо вчерашните 116 корона активни во регионот на ЦЈЗ Гевгелија денеска има 93 активни случаи што е драстичен пад од цели 20% на ниво на регион на активните случаи на ковид-19.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.