80 години од Денот на Народното востание на Македонија

Недела, 10 Октомври 2021

Централна прослава по повод 80 години од Денот на Нородното востание на Македонија одбележан вечерва во Прилеп со пригодна програма, традиционалниот импровизиран напад на участокот во Прилеп, настап на Воениот оркестар на АРМ со изведба на песни од времето на НОБ и традиционалниот огномет. На свеченоста по повод 80 годишниот јубилеј претседателот на Владата на РСМакедонија, Зоран Заев одржа пригоден говор, а на Д-р Никола Стојановски, Претседател на Главниот Одбор на Сојузот на борците на Македонија и на Борко Зафировски, Потпретседателот Главниот Одбор на Сојузот на борците им врачи Плаќета 11 Октомври.

На Плакетата која им ја врачи претседателот на Владата на д-р Никола Стојановски и Борко Зафировски по повод 80 години од Денот на почетокот на Народното востание на Македонија 1941-2021 стои напишано:
„Благодарница за Сојузот на борците од НОБ на Македонија 1941-1945 по повод 80 години од Денот на Народното востание 11-ти Октомври. Во име на граѓаните и во име на Владата на РСМакедонија Ви благодариме за Вашиот историски придонес во создавањето на државата, вековниот сон на многу генерации. Ви се поклониваме за историската одлука во 1941 година да бидете дел од големата светска антифашистичка коалиција и со тоа да ја ставите нашата држава во редот на прогресивните демократии во светот“.

Чествувањата продолжуваат и утре во Куманово и Скопје и со полагање свежи цвекиња на спомениците на паднатите борци од НОБ во сите градови низ Македонија.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.