Регистрирана 79-та корона жртва во Гевгелија

Понеделник, 11 Октомври 2021

Четвртиот корона бран во кој доминира лесно преносливиот и побрзозаразниот делта сој денеска ја „одзеде“ 79-та корона жртва од Гевгелија. Станува збор за пациент на 64 години кој им подллегнал на компликациите на коронавирусот во неговиот организам. Пациентот починал во болнички услови.
Оваа загуба е седма по ред ковид жртва во Гевгелија во четвртиот корона бран кој започна годинава со првиот регистриран јулски случај на корона позитивен во Гевгелија, трае веќе трети месеци по ред и продолжува да биде зравствена закана и во октомври.
Заедно со загубата на нашиот сограѓанин во државата се регистрирани во изминатите 24 часа вкупно 15 ковид жртви.

Моменталната состојба во Гевгелија е 66 активни случаи на ковид-19, еден ново позитивен, и 2-ца оздравени.

Во соседните општини во надлежност на ЦЈЗ Гевгелија има уште 18 активни случаи на ковид-19 во општина Богданци и само еден случај на корона позитивен во општина Дојран.

Од регионот Гевгелија има највисока стапка на леталитет (смртност од корона) и изнесува 3,2%. Богданци со 14 ковид загуби има стапка на леталитет од 2,5%, а Дојран со 3 регистрирани смртни случаи од почеткот на корона па до сега, има најниска стапка во регионот, но и во цела држава со индекс од 2,1%.

Во државата највисока стапка на смртност има општина Струга, со 6,4%, следува Крушево со 6,2%, па Гостивар и Дебар со стапка од 5,0%.
Во моментот активни случаи на ковид-19 во државата остануваат 6.957 лица.



Last modified on Понеделник, 11 Октомври 2021 - 22:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.