Четвртиот корона бран во кој доминира лесно преносливиот и побрзозаразниот делта сој денеска ја „одзеде“ 79-та корона жртва од Гевгелија. Станува збор за пациент на 64 години кој им подллегнал на компликациите на коронавирусот во неговиот организам. Пациентот починал во болнички услови.
Оваа загуба е седма по ред ковид жртва во Гевгелија во четвртиот корона бран кој започна годинава со првиот регистриран јулски случај на корона позитивен во Гевгелија, трае веќе трети месеци по ред и продолжува да биде зравствена закана и во октомври.
Заедно со загубата на нашиот сограѓанин во државата се регистрирани во изминатите 24 часа вкупно 15 ковид жртви.
Моменталната состојба во Гевгелија е 66 активни случаи на ковид-19, еден ново позитивен, и 2-ца оздравени.
Во соседните општини во надлежност на ЦЈЗ Гевгелија има уште 18 активни случаи на ковид-19 во општина Богданци и само еден случај на корона позитивен во општина Дојран.
Од регионот Гевгелија има највисока стапка на леталитет (смртност од корона) и изнесува 3,2%. Богданци со 14 ковид загуби има стапка на леталитет од 2,5%, а Дојран со 3 регистрирани смртни случаи од почеткот на корона па до сега, има најниска стапка во регионот, но и во цела држава со индекс од 2,1%.
Во државата највисока стапка на смртност има општина Струга, со 6,4%, следува Крушево со 6,2%, па Гостивар и Дебар со стапка од 5,0%.
Во моментот активни случаи на ковид-19 во државата остануваат 6.957 лица.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место
Пожар во Ст.Дојран, загина една жена
Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија
Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој