Остануваат само уште пет денови до изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021.
Додека СДСМ ги одбројува деновите до победа која ја најавува со своите многубројни митинзи, средби со граѓани, пропаганден материјал низ општината и на медиумите, остатокот од кандидатите во изборната трка во Гевгелија со мирни чекори ги ододуваат своите предизборни денови.
Изминативе две недели од кампањата сведоци сме на две дебати во кои се соочија по тројца кандидати за градоначалник од вкупно 5те кандидати за оваа функција во општина Гевгелија. На МТВ се појавија: Поцков, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Сарамандов - кандидатот на опозициониот ВМРО-ДПМНЕ и Петков - кандидатот на ЛДП и ДОМ. На регионалната телевизија Кобра од Радовиш се соочија: повторно Поцков (СДСМ и коалицијата) и Петков (ЛДП и ДОМ) и кандидатот на Интегра, Кадиев. После бледата слика која ја остави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата во МРТВ и слабите познавања на локалниот-економски живот, истиот не се појави на дебатата на ТВ Кобра. Поцков доминираше со одговорите, познавањето на локалните потреби и проблеми, буџетската кондиција.
Единствен кандидат кој не се појави на ТВ соочувањата е независниот кандидат Петков. Тој дури вчера се промовираше со видео јавување од Динќут и презентираше слаби познавања за локалните политики, потенцирајќи го бизнис секторот од кај доаѓа и потребата од помош за развој на локалниот бизнис и спа туризмот. Кандидатот читаше, очигледно локалните политики не му се, ниту му биле предмет на интерес до сега.
Независната граѓанска листа имаше свое претставување во салата на Театарот, но отсуствува видливост од публика, приврзаници, колку тоа следбеници ја прифаќаат граѓанската опција.
Интегра се појави со една изјава на својот лидер од Градскиот пазар во Гевгелија.
Организирани беа три митинга, а имаме шест кандидатури за членови на Совет и пет градоначалнички кандидати за ЛИ во Гевгелија. Значи, 50% од учесниците во изборната трка чекаат некој да ги турне за да тргнат. Дали ќе ги потурнат гласачите, или конкурентите!?
Плакати се излепија на определените места за огласување во градот и општината. Освен инцидентот со ишараните контејнери и јавни објекти во градот со партискиот број и името на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, настан за кој се огласија со осуда од СДСМ, од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Гевгелија, како отстапувач на огласниот градски простор, нема други инциденти и непријатни предизборни случувања во Гевгелија.
Партиските штабови одбројуваат ситно до својот изборен дуел со конкурентите и со отсликаната доверба од граѓаните на гласачкото ливче. Недела 17 октомври Гевгелија избора свои претставници во локалната самоуправа за наредните 4 години.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Tрет ден апсења во Стар Дојран
Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д
Повторно апсење во Стар Дојран, пронајдена марихуана
Најпознатиот музички летен фестивал во „Дојран, „Д Фестивал“ и денеска ги полни
МВР: Возило кое не е регистрирано подолго од 2 години се одјавува
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно
Приведени 18 лица во Стар Дојран
Големиот фестивалски настан што се одржува во Стар Дојран, големата посетеност
По втор пат одземени надлежностите на градоначалникот Сарамандов
- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на
Маричиќ: Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет
- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас
Огграничен сообраќај за тешки товарни возила
Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,
Расте бројот на занаетчии во Гевгелија
Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во
Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на
До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,
СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“
Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија