Македонски карате репрезентативци освоија 7 медали во Хрватска

Вторник, 12 Октомври 2021

Во конкуренција со 233 клубови од 21 национални репрезентации на годинашниот меѓународен карате турнир во Хрватска, „Кроција опен“ што се одржа во Риека, македонските претставници и репрезентативци од карате клубот „Макпетрол“ освоија седум медали.
На турнирот заминаа 8 членови на македонската карате репрезентација, сите членови на „Макпетрол“, а се вратија со 7 одличја, од кои пет сребрени и две бронзени.
Покрај македонските репрезентативци, на турнирот кој се одржа изминатиот викенд, учество зедоа вкупно 1.700 спортисти. Македонските каратисти се натпреваруваа во возрасните категории сениори, јуниори и постари јуниори.

– „На овој навистина силен турнир од интернационален карактер зедовме учество со комбиниран тим. Најзначајно за сениорите беше да направат последен тест на сопствената форма пред да настапат на светското првенство, кое што би требало да се одржи во првата недела од ноември во Дубаи. За јуниорите, пак, ова беше проверка пред европскиот шампионат што е закажан за февруари следната година“ – изјавија од скопскиот карате клуб.

Освен што освоија медали, каратистите на „Макпетрол“ беа дел и од пет финалиња на овој меѓународен собир. Во категоријата до 84 килограми, финалниот меч на Глигор Петков заврши без поени, поради што имаше судиско изјаснување, кое не беше во полза на македонскиот каратист. Ист епилог имаше и во неговиот меч за трето место.

Викторија Јовановска, пак, оствари три последователни победи, но во обидот за влез во финалето се сретна со најдобрата хрватска каратистка и европски првак, Ана Ленард, а претрпе пораз и во репасажот за бронзениот медал.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Од 16 – 22 октомври трае неделата на борбата против гладта која што ја

Повеќе

Гевгелија оди на втор изборен круг за градоначалник

Со немање мнозинство освоени гласови (50% + 1 глас) од ниту еден од 5-темина

Повеќе

Шапов во Богданци обезбеди победа во првиот изборен круг

Со освоени 2.128 гласови од вкупно 6.633 гласачи запишани во избирачкиот список

Повеќе

Ангов во Дојран, Костадинов во Валандово, прогласија победа

Првите победи на Локалните избори 2021 за градоначалник на два часа после

Повеќе

Во Гевгелија до 15 ч. гласале 40,11% од електортот

Гевгелија го надмина законскиот цензус од 1/3 излезност, според Изборната

Повеќе

Излезност на југот од РМ поголема од државнот просек

Изборниот гласачки ден за Локалните избори 2021 се одвива без проблеми на југот

Повеќе

Во Гевгелија денеска гласаа 195 лица со право на глас

Еден ден пред официјалниот старт на гласачкиот процес во Македонија, за

Повеќе

„Жито пром“ од Гевгелија на саем за храна во Германија

Производната компанија „Жито пром“ од Гевгелија учествуваше на најголемиот саем

Повеќе

Втор ден поплави во Грција, пронајдена и првата жртва

Невремето „Балос“, што веќе втор ден создава проблеми во повеќе делови во

Повеќе

Миравци ќе добие ветерен парк за производство на еколошка енергија

Турската компанија „Калтун енерџи“ ДОО Скопје која е инвеститор на ветерниот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.