Две нови ковид жртви во Гевгелија

Вторник, 19 Октомври 2021

Почина 69 годишник од Гевгелија. Ова вчера го објави Институтот за јавно здравје, заедно со податоците од ковид извештајот за период од изминатите 24 часа. Тоа е 82-ра жртва за Гевгелија, 10-та по ред во последниот и се' уште актуелен четврти Ковид бран во Гевгелија.
Во истиот извештај ИЈЗ јавува за уште една загуба на наш сограѓанин како последица на ковид-19, регистрирана преку системот „Мој Термин“ во периодот од 16.09. - 04.10.2021 год. Се работи за жител на општина Гевгелија со непрецизирана старост, бидејќи описот е за три ковид жртви тој ден регистрирани од ИЈЗ на возраст од 59 до 79 години од Тетово, Гевгелија и Велес, кои исто така биле евидентирани преку системот „Мој термин“.

Во моментот подрачјето на надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија брои вкупно 100 случаи на активни лица со дијагноза ковид-19. Нивната територијална распореденост е следна:

- Гевгелија има 79 активни лица со ковид-19 (вкупно 2.500 заразени до сега, 2.339 оздравени и 82 смртни случаи од ковид);
Инциденцата (број на новозаразени) во последните 14 денови е пониска од инциденцата во претходниите две недели и покажува опаѓање од 12,5%.

- Богданци има 18 активни во моментот (вкупно 571 заразени до сега, 538 оздравени, 15 смртни случаи); и

- Дојран 3 активни лица (вкупно 142 заразени, 136 оздравени и 3 починати од компликации од коронавирусот).
Дојран бележи црвен аларм, со пораст за 100% во инциденцата (број на новозаразени), со евидентирани 2 случаи на новозаразени во последните две недели и 1 заразен во претходните две недели.

Во моментот во државата активни се 6.719 лица со ковид-19.



Last modified on Вторник, 19 Октомври 2021 - 22:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

Луксузниот воз „Golden Eagle Danube Express“ помина низ Гевгелија

Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.