Топ Новости

Изгубената битка не значи и изгубена војна

Петок, 22 Октомври 2021

Според теоријата на акцијата една изгубена (неуспешна) акција не значи и изгубен систем на планирани акции за постигнување на поставената цел.
СДСМ со коалционите партнери доби силен удар во првиот круг на локалните избори. Но ударот не е катастрофален како што тврдат некои злорадувачи. „Извојувана“ е победа во 12 општини (9 СДСМ, 3 ДУИ). Во значителен број општини во кои ќе се гласа во втор круг владеачката коалиција има предност. Во некои општини, каде што предноста ја нема во првиот круг, во вториот круг може да дојде до пресврт.

Но да одиме на битката. Изгубените битки на прогресивните сили водат до конечна победа во војната. Тие ствараат можност да се согледаат грешките. Согледувањето на грешките е основа за нивна корекција (исправки). Исправените грешки водат до нови победи. Затоа, во право е генијалниот Виктор Иго кога вели: „Изгубената битка е освоен напредок. Славопојките на гордоста за постигнатите победи во претходните битки замолкнуваат, а до збор доаѓа разумот.“ Поразот им ги отвора очите на поразените. Со отворени и будни очи тие јасно и критички ги гледаат резултатите од претходните акции и правилно и темелно ги планираат идните. Затоа да не се обеспокојуваме премногу поради поразот во првиот круг на изборите и да веруваме дека во вториот круг ќе постигнеме победа или многу поповолен резултат отколку во првиот. Прифаќањето на помислата за можен пораз значи да се биде поразен однапред.

СДСМ и коалиционите партнери водат војна против неприродната десничарска и националистичка коалиција ВМРО – Алијанса за Албанците, составена од екстремно поларизирани, националистички групации; против злото и неправдата, против мега криминалот на ДПМНЕ-то, против националистичките поделби на нас граѓаните, Историјата повеќе пати покажала дека такви групации, по победата, како волци се нафрлаат едни на други за поделба на пленот. Во нашиов случај пленот ќе биде Република Северна Македонија, како држава, со нејзините демократски граѓански вредности, нејзиното национално богатство и нејзиниот географски простор. Таа, досега, под власта на СДСМ и коалиционите партнери, и покрај бројните субјективни грешки и објективните пропусти предизвикани од опасната пандемија на Ковид - 19, оди напред, кон поквалитетен личен и заеднички живот. При евентуална победа на десничарските спротивставени националисти кои ги обедини желбата за пленот - власта, како волците што се обединуваат кога ќе го здогледаат пленот - милолика срничка која мирно пасе на зелената планинска чистина, Републикава ќе заглави во калта на криминал, делби, жестоки националистички мотивирани кавги и, не дај боже, во вооружени судири како оние во 2001 година.

СДСМ и коалиционите партнери не смеат и нема да дозволат да се случат такви нешта. Војната која тие ја водат е војна против десничарските националисти кои одработуваат за олигарсите, за оние кои за време на единаесет годишното владеење на ДПМНЕ-то, за неколку години стекнаа огромни богатства, војна против безмилосните драконски глоби за прекршоци, против ограбувањето на граѓаните со застрашувачкиот нотарско- извршителски систем воспоставен од ДПМНЕ-то, војна за подобар живот на сите нас, граѓаните на Републикава: Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други; војна за ние граѓаните да влеземе во редовите на средната класа која ќе ја замени класата на сиромаштијата која од нас ја створи ДПМНЕ-то за време не единаесет годишното владеење, војна за европска иднина на Република Северна Македонија. Во таа војна мораме да истраеме до крај. Ако истраеме ќе победиме. На наша страна се правдата и прогресот. На страната на десничарските националисти се неправдата, арамилакот и назадувањето. Повлекување од таа војна нема, ни поединечно, ни групно. Конечната победа ќе биде на наша страна. Изгубените битки не значат изгубена војна.

Автор: Проф. Темелко Ристески - д-р на правни науки



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Олга Мурџева-Шкариќ добитничка на „Цветиновата награда за мир“

Денеска напладне во Меморијалниот центар на Фондацијата „Никола Кљусев“ во

Повеќе

Иницијатива - 25 јануари да биде ден на хуманоста во Македонија

Роденденот на нашата музучка и балканска ѕвезда, Тоше Проески е денеска 25

Повеќе

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.