19-те гевгелиски советници ќе добијат уверенија за избор

Сабота, 23 Октомври 2021

ДИК со конечни резултати - нема приговори за гласачкиот процес во општина Гевгелија, 44 општини во недела на 31 октомври ќе одат на втор круг гласање за избор на градоначалници, меѓу нив е и општина Гевгелија.

Составот на Советот на општината заврши со приот изборен ден на 17 октомври и за истиот нема приговори. Тоа значи дека освоените гласови по изборните листи се конечни, потврдени од Државната Изборна Комисија. За Гевгелија односот на освоените места во Советот е следен: 9 советнички места има ВМРО-ДПМНЕ, 7 се од листа на СДСМ и коалицијата, 1 советничко место освои ЛДП, 1 место му припадна на независната граѓанска листа и 1 место доби Левица.

Следната постапка од ДИК е достава на Уверенија за избор на секој советник поединечно. Овие Уверенија се очекува да пристигнат до Општинската Изборна Комисија, а тие на заедничка свечена седница да ги поделат Уверенијата на 19-те избрани членови од новиот состав на Советот на Општина Гевгелија.

Следната недела во општината се одржува вториот гласачки ден за избор на градонаалник на општината. Во трка се актуелниот градоначалник на СДСМ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

- „Од понеделник ќе се одржи дводневна обука на членовите на избирачките одбори за употреба на апаратите за отчитување отпечаток на прст, за подготовка на записниците и други изборни постапки. Следната недела ги очекуваме недоверливите гласачи материјали да ни бидат доставени најдоцна до средата, а потоа доверливите материјали и 72 часа пред гласањето и фингерпринтерите. Овие апарати се вратени после првото гласање во ДИК за да се избришат податоците и да се подготват за вториот гласачки круг“ - изјави за GevgelijaNet претседателот на ОИК Гевгелија Митко Ризов.

Важно е да се знае дека сите граѓани впишани во единствениот избирачки список за општина Гевгелија имаат право на глас и во вториот изборен круг.
Заклучно до денеска до 24 часот може до ОИК да се пријава за гласање во домашни услови лица кои се болни, со дијагноза од специјалист и потврда од матичен лекар за да им биде овозможено да гласаат дома, еден ден пред сите, во саботата.
До 25 октомври тече рокот за пријавување на лицата со ковид дијагноза кои се во изолација да поднесат барање за гласање во домашни услови. И, до 27 октомври до полноќ е последниот рок за пријава на лица кои издржуваат мерка домашен притвор со желба своето гласачко право да го остварат дома.

Гласачкото тело е исто, вкупно 19.076 граѓани со право на глас. Лимит за излезност во вториот круг нема. Победник е оној кандидат кој ќе освои најмногу гласови.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Невреме во Македонија – ЦУК повикува на внимателност

Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.

Повеќе

Реакција на Левица - Гевгелија

„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни

Повеќе

Отворен ден: „Учи паметно, работи стручно“ во Гевгелија

Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на

Повеќе

Уапсени 7 поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на плацеви на ЕВН

Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се

Повеќе

Традиционален “Дојран Гурман фест” во Дојран

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални

Повеќе

Приведен грчки државјанин на Богородица

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на

Повеќе

Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на

Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм

Повеќе

ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов

Повеќе

Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане

Повеќе

Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.