Не им е исто на илјадници стечајци кои за прв пат во животот се згрижени од државата и добиваат надомест.
Не е исто за стотици деца кои заради деинституционализацијата не живеат во гнили домови кои не им даваат ни шанса за нормален живот.
Не им е исто на културните работници кои со колективниот договор и нивелирањето на платите се успристоија без да бидат на работ на егзистенцијата дури и кога не играат престави затоа што короната испразни сали.
Не е исто за наставниците, медицинските сестри и лекарите, воспитувачите и негувателките, кои со покачѕвањата на платите осетија што значи социјална сигурност и раст.
Не им е исто на социјалните пензионери на кои им недостигаа години стаж кои на стари години немаше да ги оставрат за да остварат право на пензија.
Не е исто примателите на социјална помош со 300% повисок социјален надомест.
Не е исто за стотици компании кои беа поддржани да работат и илјадници сочувани работни места во услови на економска криза заради пандемијата.
Не им е исто на лбгти припадниците кои денеска ги штити закон.
Не им е исто на земјоделците кои не се тресат за пласман со притисок од неисплатени субвенции со години.
Не им е исто на рударите кои го остварија долго бараното право да одат порано во пензија поради тешката дејност.
Не им е исто на припадниците на Армијата кои конечно законски се решени после својата служба наместо да се оставени да се снаоѓаат по улици.
Не е исто за лицата со попреченост и нивните семејства кои конечно системот ги препознава.
Не им е исто на оние што чекаа срцеви трансплантации во странство. Не им е исто на оние за чии ретки болести се наоѓаше лек само во странство.
Не им е исто на пензионерите чија пензија гарантирано стига во првата недела од месецот, и која има континуиран раст. Не е исто за државата која не мора да се задолжува за да ги исплати овие пензии.
Не им е исто на родителите на децата кои за прв пат им одат во градинки во периферијата и не мора да возат километри за да ги згрижат.
Не е исто за оние кои примаат минимална плата. Особено не е исто за оние со кожарска и текстилна минимална плата. И норма или учинок.
Воопшто не е исто.
Дали е ова доволно? Не.
Дали може повеќе? Да.
Дали треба да запре тука? Не.
Дали е ова сè? Ни приближно.
Дали ова беше лесно? Не.
Дали ова ќе исчезне ако власта нема социјална димензија? Да.
И затоа не е исто!
Aвтор: Зоран Бојаровски
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети