Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

Данела има бугарска Лична Карта и е гласач на Бугарија

Среда, 27 Октомври 2021

По денешниот прес на СДСМ дека Данела Арсовска има бугарска лична карта, со адреса на живеење Петрич, Бугарија, новинарите се впуштија во истражување и за непoлн час изнесоа заклучок со податоци од Министерството за внатрешни работи на Бугарија - Бугарската Лична карта на Данела Арсовска, кандидатка за градоначалник на Скопје е ВАЛИДНА.

Ако во системот за електронски увид во избирачкиот список на Бугарија се внесе матичниот број на бугарската лична карта за која СДСМ тврди дека е на Данела Арсовска, се добива резултат дека таа личност е регистриран гласач на претстојните претседателски и парламентарни избори во Бугарија, на 14 ноември. Лицето од личната карта може да го оствари правото на глас во СУ „Никола Вапцаров“ во Петрич, во округот Благоевград
Податоците од избирачкиот список покажуваат дека дел од информациите на личната карта што ја објави СДСМ се неспорно точни и проверливи. Прво, дека во Бугарија навистина постои државјанка Даниела Арсовска, дека е жена, дека има адреса во Петрич и дека според матичниот број, таа е родена на 20 декември 1979 година
Направивме проверка и на самата лична карта, преку системот на бугарското МВР, и добивме информација дека документот е валиден.

Даниела Арсовска, жената од бугарската лична карта што денеска ја презентираше СДСМ тврдејќи дека тоа е Данела Арсовска, кандидатката за скопска градоначалничка, има право на глас во Петрич, каде што е жителка. Тоа го покажува електронскиот увид во Избирачкиот список на Бугарија што го направи „360 степени“, според објавените податоци/фотографии од страна на владејачката партија.

Податокот може да го провери секој. На личната карта што ја објави СДСМ, меѓу другите податоци, е објавен и матичниот број на Даниела Арсовска, бугарската државјанка за која СДСМ тврди дека е Данела Арсовска. Матичниот број, кој слично како во земјава го содржи датумот на раѓање, но по обратен редослед (1979 година 12 месец, 20 ден), е 7912200192.

Првиот чекор од пребарувањето е да се отвори интернет-страницата на бугарската Главна дирекција „Граѓанска регистрација и админстративен сервис“ (Главна дирекция „Гражданска регистрация и административно обслужване“). Линкот ве води директно во делот кој овозможува пребарување по матичен број. Таму, прво, се внесува матичниот број (7912200192) во соодветното поле, па името (Даниела) и на крај безбедносниот код што ќе се прикаже на екранот. За пребарување во системот треба само да се стисне уште „търсене“, што значи „барај“.

Кога ќе се заврши оваа процедура, на екранот излегуваат податоците од сликата бр. 1 во Фото Галеријата подолу. Второто фото е нејзината Лична карта, а фото бр. 3 е документот за државјанство на Бугарија издаден од Вицепремиерот на Р.Бугарија.

Last modified on Среда, 27 Октомври 2021 - 17:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

Одбележан Светскиот ден на прва помош

По повод Светскиот ден на Првата помош, Црвен Крст на Македонија со град

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.