Вечерта на полноќ, средата спрема четвртокот, лишена е од слобода гевгеличанка, известуваат од МВР.
Во извештајот на МВР за ова е наведено:
- „На 28.10.2021 во 00:10 часот на влез во село Мрзенци, гевгелиско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ја лишиле од слобода Б.Т.(34) од Гевгелија за издржување казна затвор.
Таа била спроведена во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ - Скопје за издржување на казната“ - се вели во соопштението од МВР.
За кое дело е обвинета и правосилно осудена не се наведува во извештајот на Министерството за внатрешни работи.
Во текот на денот, по објавата на веста ВЕБ страната на МВР и превземена информација од страна на порталот, до нас се обрати лицето Б.Т. која што приложи „Отпусен Лист“ од КПУ „Затвор“ Идризово во кој стои дека:
- „Осудената со решение ИКП.бр.107/19 од 29.10.2020 год. од Основен Суд Гевгелија на казна затвор во траење од 5 дена се ослободува од оваа установа на 28.10.2021 година по решение КУИКП.бр.4/21 од 28.10.2021 од Основен Суд Гевгелија, платена парична казна во целост. Казната ја издржува од 28.10.2021 до 28.10.2021 година“.
Именуваната е ослободена со потпис од директорот на Затворот во Идризово, Јовица Стојановиќ.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Заедничката литургија во Скопје на СПЦ и МПЦ-ОА - признаена автокефалноста на
Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм
ПРЕС на ОО на СДСМ Гевгелија
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов
Ново игралиште „Емилија Динева “ во Дојран
Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане
Притвор за 35 годишен шверцер од Дојран
На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од
Црквата „Св. Кирил и Методиј“ со богата програма за чествување на Сесловенските
Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и
Благодарница за ТППЕ-Гевгелија од СДСМ и коалицијата во Советот
За Денот на пожарникарите 20 Мај, денеска претставници на советничката група на
Пресудa за „ТНT“: 9 години затвор за Груевски, 3 години за Јанакиески
Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во
Заедничка Литургија на: МПЦ-ОА и СПЦ во Белград
Во храмот Свети Сава во Белград изутринава се одржа неколкучасовна литургија на
Пожар во воз на МЖ кој сообраќал кон Гевгелија
Пожар во локомотива на Македонски железници избувна вчера, во возот, кој
IN MEMORIAM: Никола Гелебешев - голманската легенда на ФК „Кожуф“
Скротителот на бубамарата низ зелените терени во настапите на ФК „Кожуф“ -