Топ Новости

Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ победи на ЛИ во Гевгелија

Понеделник, 01 Ноември 2021

Според неофицијални резултати од ДИК со прегледани записници од сите 37 избирачки места во општина Гевгелија за ЛИ 2021 победи кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Андон Сарамандов.

Тој на денешниот втор изборен круг за избор на градоначалник освои 56,88% од гласовите на граѓаните кои излегле да гласаат.
Неговиот конкурент, кандидатот на СДСМ и коалицијата Сашо Поцков освои 38,67% од гласовите на електоратот, според записниците за сумирање на резултатите од прегледаните 100% од избирачките места.
Номиналното гласачко конто е следново: 7.546 за Сарамандов, 5.130 за Поцков.

Од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје вечерва беше најавено дека Гевгелија е една од општините во кои победила опозицијата, а пред седиштето во Скопје се слави победата на ВМРО-ДПМНЕ во 41 општина во државата.

Се очекува ДИК да излезе со конечни резултати по истекот на рокот за поднесување приговори за текот на гласачкиот процес.

Сепак, вечерва, беше упатена и првата честитка од Поцков до својот противкандидат Сарамандов. На социјалните мрежи тој ја сподели следнава порака:
- „Почитувани сограѓани, почитувани дами и господа од општина Гевгелија, Ви благодарам за поддршката на овие Локални избори!
Упатувам честитки на мојот противкандидат Андон Сарамандов за издвоената победа!
Како гевгеличанец, како ваш роднина, пријател, колега и функционер, останувам отворен за соработка во секое време за добробитот на нашата општина, давајќи ја мојата поддршка за Гевгелија каква што заслужуваат гевгеличани“ - се вели во вечерашната пред полноќна порака од Сашо Поцков до гласачите и до Сарамандов.



Last modified on Понеделник, 01 Ноември 2021 - 00:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ОВР Гевгелија: Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Комуналец“

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основно јавно обвинителство

Повеќе

Најава за првиот студен бран и минусни температури

Подгответе се за минуснуте температури кои доаѓаат - најавува метеорологот

Повеќе

Празнична Литија за Пресвета Богородица - Согленска

Денеска претпладне, во 09:00 часот во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија ќе

Повеќе

Еко патрола во Негорци

Еколошките амбиции на локалните фактори ги има со години наназад во нивните

Повеќе

Приведени тројца дојранчани,при претрес пронајдени докази од криминални дела

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско

Повеќе

ВИДЕО реконструкција на патот Струма каде настана несреќата на автобусот

Бугарски абтомобилист и стручњак за сообраќајна безбедност на патиштата Мите

Повеќе

Лулзим - Херојот за 7те преживеани од несреќата во Бугарија

Лулзим Сулејмани од Прешево е еден од преживеаните патници од вчевашната

Повеќе

Maкедонски автобус се запли во Бугарија - 45 жртви

Претежно млади луѓе и деца се загинатите во несреќата во Бугарија. Според

Повеќе

Сарамандов ја започна својата работна агенда со проекти од претходникот

По приморедавањето на функцијата градоначалник на општина Гевгелија помеѓу

Повеќе

Дестини Вагнер од Белизе е Мис на Земјата за 2021

Дестини Вагнер (Destiny Wagner) од Белизе, влезе во историјата за Белизе во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.